за

Lexus има најдобра аеродромска чекална во Европа

Втора година во низа, The Loft by Lexus на бриселскиот аеродром е избрана за најдобра аеродромска чекална во Европа.

Lexus има најдобра аеродромска чекална во Европа

Организацијата World Travel Awards ги одликува најдобрите достигнувања во подрачјето на туризмот. Во категоријата на аеродромски чекални повторно победи The Loft by Lexus, на аеродромот во Брисел. Така гласаа и корисниците и туристичките професионалци.

Годинава малку се патуваше со авион низ светот. Пандемијата долго време ги држеше авионите приземјени и аеродромите затворени. Организацијата World Travel Avards сепак ја одржа редовната манифестација на прогласување на најдобрите достигнувања во туризмот и патувањата. Наградата за Lexus, за чекалната на премиум марката на Toyota на аеродромот во Брисел, се заснова врз процените што беа направени во актуелните услови, со применети пакет мерки за спречување на ширењето на вирусот. Тоа прави наградата да им биде уште позначајна во Lexus.

Чекалната The Loft by Brussels Lexus е изведена според единствена замисла и целосно се посветува на комфорот, технологијата, дизајнот и на брендот на „Belgitude“ во спој со прочуената јапонска гостопримливост.

Со целосно име „THE LOFT by Brussels Airlines and Lexus“, овој lounge беше отворен на 25-ти јуни 2018 година, како простор за отпуштање на светските патници, инспириран од луксузот, дизајнот и омотенаши-гостопримливоста на Lexus. Овој ексклузивен простор докажува како луксузните марки го пренесуваат своето влијание во сите подрачја од живеењето и работењето.

Со површина од 2.040 метри квадратни, THE LOFT by Brussels Airlines and Lexus располага со простор за 50 патници. Просторот содржи средишен бар, зона за седење и издвоен работен простор, кој е совршен за луѓе што мора да работат и додека се во движење.

Согласно мерките на белгиските власти за привремено затворање на просторот за престој, чекалната на Lexus во Брисел моментно е затворена.

>>> Кога ќе се вкуси Lexus: Рецепти од луксузната марка на Toyota

Кога ќе се вкуси Lexus, Рецепти од луксузната марка на Toyota

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

амстердам заштитена животна средина

Амстердам забрани дизели постари од 2005 година

Електрично Mini за 80-годишнината на суперхеројот Флеш

Електрично Mini за 80-годишнината на суперхеројот Флеш