за

Изборот на Претседател на САД е важен и за автоиндустријата

Исходот од изборот на Претседател на САД има клучно влијание за целиот свет. Тој е важен и за автоиндустријата.

GM Изборот на Претседател на САД е важен и за автоиндустријата

Куса ретроспектива: Хилари Клинтон ги изгуби изборите во 2016 година, меѓу другото и поради разочараноста на работниците во автоиндустријата. Синдикатот на автомобилските работници првично најавуваше дека ќе ги даде гласовите за Клинтон. Но, повеќе од една третина од членовите на синдикатот на крај го избра Трамп. Зошто?

Работниците во американската автомобилска индустрија станаа свесни за ефектите од глобализацијата и за драматичното намалување на значењето на американските производители на автомобили по кризата од 2008 година. Како последица од тоа, дури и традиционалните демократски сојузни држави како Мичиген, ноечекувано гласаа за Трамп.

Аналитичарите ги предвидуваат промените што ќе се случат, доколку Џо Бајден стане следен претседател на САД. Најважните тематски подрачја се следните:

СО2

Тука ќе се случи голема пресвртница. Трамп се откажа од целите на Париската климатска конвенција и од намалувањето на СО2-отпечатокот што го започна Обама. Америка на Бајден во овој поглед ќе стави приоритет, јавноста да стане свесна за неопходноста од енергетска пресвртница. Индустријата нема да биде посветена само да произведува повеќе и повеќе. Како последица од тоа, горивата ќе поскапат и џиновските СУВ ќе изгубат од атрактивноста. Тоа се лоши вести за GM, Ford и Chrysler. Од друга страна, тоа се добри вести за Honda, Hyundai и Volkswagen.

Трговија

Бајден е мултилатералист по примерот на Обама и не е бунтовник од училишниот двор. Во својата кариера, тој има склучено повеќе трговски спогодби, отколку што ги има откажано. Покрај тоа, Бајден е свесен дека воведувањето повисоки царини и давачки ги поскапува производите и ја зголемува задолженоста на чувствителните потрошувачи во неговата земја. ЕУ може да очекува стабилизација на трговската ситуација – доколку е подготвена, за возврат да направи политички компромиси во поглед на односите со Кина.

Спогодба за чиста енергија

Исто како фон дер Лејен во Европа, така и американските демократи бараат голем поттик, за економскиот систем да се преориентира на одржливост, што ќе ѝ овозможи брз старт на нивната економија. Автомобилската индустрија е совршена платформа за таа цел, поради што Бајден сака да брилјира со „програма за зелена енергија“ вредна 400 милијарди долари.

Целта е до 2030 година да постои мрежа од повеќе од 500.000 полначи за струја за електрични автомобили (денес во земјата има одвај 90.000, наспроти 190.000 во Европа). Тоа се добри вести за електро-пионерот Tesla, но и за европските и јапонските производители. Програмата ќе даде огромен импулс за истражувањето и развојот на нови енергии. САД сака на тој начин да стекне предимство над Кина. Во тој поглед, вложувањата на Европа веќе неколкукратно ги надминуваат САД.

Кризен менаџмент

Економијата на САД бележи фрапантен пад како последица од корона-кризата. Бајден е свесен за тоа. За автомобилската индустрија, што исто така е погодена силно од кризата, да се заштити и воедно да се искористи спогодбата за зелена енергија, се најавува огромна програма Cash-for-Clunkers. Во следните десет години, треба да се замени целиот возен парк во земјата, со возила што испуштаат помалку СО2. Тоа е шанса за производство и продажба на 60 милиони возила со намалена емисија на СО2 до 2030 година. Тоа ќе биде воедно и суштински поттик за вработеноста во американската автомобилска индустрија да продолжи да се зголемува. Наспроти тоа, на увозниците ќе им биде потешко да дојдат до субвенциите.

>>> Трамп бара да не се купуваат гуми Goodyear

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електрично Mini за 80-годишнината на суперхеројот Флеш

Електрично Mini за 80-годишнината на суперхеројот Флеш

Апликација на Ford им помага на менаџери на возни паркови

Апликација на Ford им помага на менаџери на возни паркови