Ford воведе нова функција Multi-Make што овозможува и возила од други производители да се вклучат во неговиот систем за телематика. Новина е апликацијата Ford Telematics Drive, што секојдневно му испраќа податоци на управителот на возниот парк.
Возачите и менаџерите со големи возни паркови добиваат голема корист од системот Ford Telematics. Со воведувањето на мобилната апликација, оваа услуга стана уште полесна за користење и поделотворна. Апликацијата им покажува на управителите со возни паркови, на пример, кои возачи моментно возат конкретно возило. Преку Ford Telematics Drive може и да се контролираат возилата, додека во случај на проблем, системот веднаш му го дојавува тоа на управителот.
Системот на Ford се покажа делотворен и за менаџерите со возни паркови што вклучуваат возила од други марки. Поради тоа, производителот направи користењето на неговиот систем за телематика да биде полесно и подостапно за целиот пазар. Зголемувањето на продуктивноста што го овозможува телематиката, сепак е од клучен интерес за секоја компанија што користи голем возен парк.
Менаџерите преку посебен интернет-портал можат да го оптимираат времето на користење на нивните возила, да го скусат мирувањето на возилата и чекањето на сервис, а воедно можат и да ја подобрат безбедноста на возачите. Со последната новина, овие погодности ќе бидат изводливи и со возила од други марки, односно повеќе нема потреба да се користат повеќе системи за телематика, во возни паркови што содржат возила од повеќе марки.