Едно од секои три нови возила во Швајцарија има алтернативен погон

Швајцарија продажба автомобили

Пазарот на нови автомобили во Швајцарија и војводството Лихтенштајн во октомври повторно забележи пад. Со вкупно 20.975 новорегистрирани возила, пазарот е во минус 19,6 проценти во споредба со лани.

Во минатиот месец имаше поголем пад на швајцарскиот пазар на автомобили, откако во периодот меѓу јуни и септември беше забележан пад меѓу 11,3 и 16,3 проценти. Во десетте месеци од 2020 година, на патиштата во земјата се пуштени 184.531 нови автомобили. Во споредба со истиот период лани, тоа е пад од 26,9 проценти. Аналитичарите предвидуваат дека продажбата до крајот на годинава ќе достигне 240.000 нови автомобили.

Годинава октомврискиот пазар во Швајцарија беше најслаб по негативниот рекорд во 2005 година. Од друга страна, лани во октомври беше постигната одлична продажба, со вкупно 26.103 возила, поради што е поголем и падот во споредба со годинава.

Наспроти тоа, позитивен е билансот на пазарот на возила со алтернативен погон. Со 31,8 проценти, близу секој трет нов автомобил во октомври располагал со хибриден или електричен погон. Вкупно годинава, точно 25 проценти од новите автомобили во земјата користи алтернативен погон. Половината од овие возила имаат чисто електричен или приклучен хибриден погон.

Со тоа е дури и надмината целта „10/20“ на швајцарските автомобилски власти, за уделот на возила со алтернативен погон во 2020 година да достигне 10 проценти.

Движење на пазарниот удел на алтернативен погон

Пазарен удел на возила со алтернативен погон во проценти во Швајцарија и Лихтенштајн

https://photos.app.goo.gl/ajuygpXdLwmPvahH9

Претходна објаваАпликација на Ford им помага на менаџери на возни паркови
Следна објаваFiat Chrysler пред казна од 850 милиони долари во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here