за

Fiat Chrysler пред казна од 850 милиони долари во САД

Уште не е сé толку сјајно околу италијанско-американскиот концерн Fiat Chrysler, додека уште е свежо партнерството со Peugeot.

General Motors поднесе тужба против Fiat Chrysler

Fiat Chrysler повторно се соочува со проблеми, и тоа на единствениот пазар на којшто заработува, во САД. Агенцијата Ројтерс добила увид во документи со коишто итало-американската авантура треба на Министерството за правда на САД да му плати казна во висина од 850 милиони долари.

Казната за Fiat Chrysler Automobiles (FCA) е поради прекршувањето на просечната корпоративна потрошувачка на гориво, како и поради измамата околу емисијата на штетни материи од дизел моторите на возилата на концернот.

Просечната корпоративна потрошувачка на гориво (CAFE) во САД ја има истата намена како СО2-нормите во Европа. Од другата страна на океанот се тестира просечната потрошувачка на гориво на возниот парк на производителите на автомобили. Доколку потрошувачката е превисока, следат остри казни.

Националната агенција за безбедност во сообраќајот бара да се воведат уште построги казни. Владата на Трамп ги запре таквите планови уште во јули 2019 година. Апелацискиот Суд на САД, сепак ја поништи таа одлука. Производителите на автомобили во земјата сега се соочуваат со повисоки казни.

Во финансиската документација, FCA наведува дека висината на казната може да достигне 600 милиони долари. Дополнително, концернот моментно преговара со американските судови околу измамата со издувните гасови од дизел моторите, што FCA ќе го чини уште 250 милиони долари.

Тоа значи дека вкупната казна за Fiat Chrysler во САД може да достигне 850 милиони долари, во зависност од тоа колкава ќе биде висината на конечната казна за надминувањето на CAFE. Профитот што неодамна го постигна групацијата, повторно ќе исчезне.

Во јануари 2019 година, Fiat Chrysler постигна спогодба со калифорнискиот борд за заштита на животната средина и на сопствениците на возилата им плати 800 милиони долари, поради изманата околу емисијата на штетни материи од возилата. Во септември следеше уште една казна во висина од девет милиони долари, заради погрешно наведување на инвеститорите.

>>> Toyota најавува камион со погон на водород за Северна Америка

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Швајцарија продажба автомобили

Едно од секои три нови возила во Швајцарија има алтернативен погон

Mercedes започнува со испораки на електричниот eSprinter

Хет-трик на Mercedes на изборот за ван на годината на What Car