За да стане прв приватен сопственик на Мерцедес В 196 Р во историјата, неименуван купувач плати 51.155.000 евра или 53.917.370 долари на посебното наддавање што се одржа по тој повод во музејот на марката во Штутгарт.
Досегашниот сопственик, музејот Индијанаполис Мотор Спидвеј, ќе ги искористи десетиците милиони долари од продажбата за да ја одржува и дополнува својата збирка од скапоцени автомобили.
Овој Мерцедес-Бенц В 196 Р Штромлиниенваген, со име што е кованица за возило со облик за воздухот да струи правилно, со наддавањето во организација на РМ Сотби стана втор најскап автомобил во историјата, што е продаден на наддавање. Од него е поскап единствено Мерцедес-Бенц СЛР Уленхаут Купе од 1955 година, што истата наддавачка куќа го продаде пред три години за 135 милиони евра.
В 196 Р со каросерија со низок отпор на воздух од 1954 година, со број на шасија 00009/54 е еден од најзначајните тркачки автомобили во историјата. Тогашниот Дајмлер-Бенц АГ го подари автомобилот на музејот Индијанаполис Мотор Спидвеј во 1965 година. На настанот што беше организиран посебно за таа намена, В 196 Р се продаде за 51.155.000 евра или 53.917.370 долари.
Малубројни се историските тркачки автомобили што се толку познати како сребрените ѕвезди на Мерцедес-Бенц, што владееја со трките за голема награда пред и по војната. Тие се ценеа најмногу по напредната техника и неверојатните брзини.
В 196 Р беше конструиран соодветно на новите правила што беа донесени во 1965 година, што ограничуваа моторите да имаат зафатнина од 2,5 литри. Зад воланот седеа најголемите имиња на автомобилската сцена, како Хуан Мануел Фанџо и Стирлинг Мос.
Наддавањето се одржуваше во истата сала во којашто во 2022 година се наддаваше за Мерцедес-Бенц 300 СЛР Уленхаут Купе, најскапиот автомобил во историјата, тогаш вреден 135 милиони евра.
















