за

Нема криза за премиум: Mercedes го заврши кварталот во плус

Од почетокот на годината, Mercedes-Benz испорачал 1.792.744 автомобили и доставни возила на светскиот пазар.

mercedes продажба трет квартал 20

Mercedes-Benz во третиот квартал постигна зголемување од 3,9 проценти во продажбата на патнички автомобили. Најголемиот поттик доаѓа од кинескиот пазар, со +23,4 проценти. На некои пазари уште има последици од пандемијата.

Продажбата на Mercedes повторно е во нагорна линија, иако бизнисот е под силно влијание од корона-кризата. Во третиот квартал од годинава, продажбата на патнички автомобили достигна 613.770 примероци. Со +3,9 проценти, тоа е прв квартал годинава што носи позитивен биланс во продажбата.

Една од мерките за забрзување на бизнисот беше празнењето на лагерот од возила во дилерската мрежа. Кина останува најважен двигатен на автомобилската продажба, со +23,4% во третиот квартал. Германскиот пазар исто така беше првпат во плус годинава, во периодот од јули до септември (+4,0%).

Брита Зегер, директорката за продажба, со особено задоволство укажува на растот во продажбата на возила со електричен погон: „Зголемениот број на нарачки за приклучни хибриди со ѕвездата е одличен фидбек од клиентите за нашето растечко портфолио. Од јули до септември го постигнавме првиот квартал со над 10.000 xEV на месечно ниво. Високата побарувачка за електрифицираните модели се задржува особено во Европа.“

Вкупно од почетокот на годината се продадени 1.548.859 премиум и луксузни автомобили на Mercedes, што е за 10,2 проценти под ланското ниво. Кај доставните возила уште побрзо напредува враќањето на продажната динамика, со +11,2 проценти во претходниот квартал. Од моделските серии Sprinter, Vito, Vito Tourer и Citan се продадени 95.933 примероци од јули до септември.

Големо освежување доаѓа од електричните eVito, eSprinter и EQV (врз основа на V-Class). Во последните три месеци се испорачани близу 800 примероци од овие модели, но има уште 2.000 нарачки што треба да се испорачаат.

>>> Mercedes S-Class од декември во салон, старт од 93.500 евра

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes grosser mercedes 770 w 07

Тој беше S-Class пред 90 години: Mercedes 770, Големиот

skoda OCTAVIA_e-TEC_COMBI

Skoda Octavia доби благ хибрид, заштеда 0,4 литар