за

Тој беше S-Class пред 90 години: Mercedes 770, Големиот

Пред 90 години, серијата W 07 поставуваше врвни мерила во автомобилското производство.

mercedes grosser mercedes 770 w 07

Со појавувањето на Mercedes-Benz 770 „Großer Mercedes“ во 1930 година, пред девет децении, не постоеше друг одговор на прашањето, кој е најдобриот автомобил во светот. Овие автомобили одушевуваа со врвните перформанси, но и со исклучителниот комфор.

Така се конструираа моторите пред речиси еден век. За серијата W 07 да постигне недостижни перформанси за конкуренцијата, во неа се вградуваше осумцилиндарец во линија, со зафатнина од 7,7 литри. Произведуван меѓу 1930 и 1938 година, „Große Mercedes“ (големиот Mercedes) беше повеќе од ексклузивен. Се изработија само 117 примероци, во различни изведби.

Како наследник на серијата пристигна W 150, кој ја носеше истата ознака 770 и исто беше „Großer Mercedes“. Традицијата на овие автомобили, Штутгарт ја почитува до денес, со S-Class и со Mercedes-Maybach.

Едниот од музејските експонати е изработен по нарачка од кралот Вилхелм Втори

Ретка можност за светот да ги види во живо овие автомобили моментно се нуди во музејот на марката во Штутгарт. Од бесценетата збирка на Mercedes (кога возилата не се во музеј се чуваат на неколку локации, кои се апсолутна мистерија за јавноста) во музејот се изложени два примероци оа „770“, едниот е кабриолет F од 1932 година, изработен по специјална нарачка од кралот Вилхелм Втори, кој во тоа време живее во екзил во Холандија. На маската не се наоѓа ѕвездата на Mercedes, туку грбот на кралската фамилија.

New item by Automedia MK / Google Photos

Вториот експонат е пулман-изведба за јапонскиот крал Хирохито. Во 1935 година, тоа е еден од првите автомобили во историјата, што е изработен со специјална заштита од куршуми.

Премиерата на Mercedes-Benz 770 „Großer Mercedes“ се одвиваше на салонот во Париз во октомври 1930 година. Тоа беше најголем, најтежок и најскап модел на Mercedes-Benz. Автомобилот претходно мина обемни тестирања на Нирбургринг, на патеката којашто до денес претставува стандард за тестирање на нови модели.

Од вкупно 117 клиенти, само 13 се решаваат за изведбата со послабиот мотор

За разлика од конкуренцијата, инженерите на тогашниот Daimler AG се решиле за мотор со осум, место дванаесет цилиндри. Моторот од 7,7 литри постигнуваше 150 КС при 2.800 вртежи. Во верзиите со компресор Roots, моќноста се качуваше на 200 КС. За првата опција тогаш се решиле само 13 од вкупно 117 клиенти. Двете свеќички по цилиндар се само еден во низата посебни детали на моторот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Уште еден посебен детал е тоа што обичниот тристепен менувач бил комбиниран со менувач од Maybach со продолжен преносен однос. Тој можело да се вклучи во секое време, што практично значи дека „770“ имал шест степени на пренос. Промената на степен се врши полуавтоматски, без потреба од спојка.

Потрошувачката на гориво изнесува меѓу 28 и 30 литри, а резервоарот има зафатнина од 120 литри. Крајната брзина со активиран копресор изнесува 160 km/h. Тежината на возилото долго 5,6 метри изнесува 2,7 тони.

За цената на W 07, помага споредба со 540 K, кој и самиот важи како еден од најскапите модели на Mercedes своевремено. Во 1936 година, тој чини 22.000 марки, додека за „770“ се потребни 41.000 марки. Моделот 170, од генерацијата W 15, тогаш чини 4.400 марки.

>>> Mercedes S-Class од декември во салон, старт од 93.500 евра

mercedes s class цени

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw ix3 почеток произодство

BMW X3 на бензин, дизел, бензин и струја, само на струја

mercedes продажба трет квартал 20

Нема криза за премиум: Mercedes го заврши кварталот во плус