Двобојната каросерија е обележје на најексклузивните автомобили низ историјата. Оттаму почнуваат разликите. Mercedes-Maybach може да се нарача со двобојна каросерија. Дополнителното лакирање се изведува рачно, а за тоа е потребно долго време.
Примероците од Maybach што се нарачани со двобојна каросерија прво се лакираат како сите останати примероци од ексклузивната серија. „Унтерлакот“ се нанесува автоматски и електростатски. Тоа е бојата на долната половина на Maybach. На крај, нормално следи проѕирен лак. При електростатското лакирање, статички елеткризирани честички лак се распрскуваат и се таложат на каросеријата што е заземјена.
Потоа возилото се испраќа во мануфактурата за специјално лакирање. Таму возилото прво се бруси рачно, за бојата да стане мат. По чистењето следи првиот работен чекор што бара голема вештина. Тоа е облепувањето. Бидејќи дизајнерите се решија преодот меѓу „обер“ и „унтер“ лакот да не се разграничува со раб или со украсна лајсна, за оваа работа е потребно големо чувство. За да се добие фина преодна линија што е дебела само четири милиметри, се нанесува специјална леплива лента со соодветен зјај.
Интересен детал е тоа што вратите пред лепењето на преодната линија се оптоваруваат со тегови. На тој начин се симулира дополнителната тежина, откако во натамошната монтажа на возилото ќе се постават стаклата, електриката за нив, звучниците, облогите и останатата техника. На тој начин се постигува, разделната црта на вратата да биде во иста линија со каросеријата.
Површините што на крајот не се гледаат, исто така се вклучени во процесот
Сите површини на коишто ќе остане претходната боја, се облепуваат. Тоа се изведува и внатре, на вратите и во поткрилата, иако овие подрачја на крајот ќе бидат прекриени со облога. Тоа е знак за квалитетот со којшто се изработува возилото.
Преостанатите површини на каросеријата се лакираат рачно. Лаковите што се прскаат пневматски, имаат таков состав што на крајот изгледаат исто како електростатски лакираните површини. Тоа е важно, за каросериските додатоци, како што се браниците, да се совпаѓаат со каросеријата.
Пред новиот лак да се исуши, внимателно се отстрануваат лепливите ленти, за рабовите да не се оштетат. Потоа се нанесува проѕирен лак на целата каросерија.
Оваа постапка се врши во строга временска рамка, за рабовите на слоевите лак да се втопат едно со друго и преодот да не се чувствува при допир. Кај конкуренцијата, овој слој се лакира отпосле.
Доколку лакерите се незадоволни од резултатот, целото возило се бруси пвоторно и покривнио лак се нанесува соодветно, за потоа да се нанесе и проѕирниот лак. Процесот може да трае до една седмица, земајќи го предвид потребното времетраење на сушењето на лакот.
Достапни се следните двобојни комбинации од палетата на Mercedes-Maybach:
Unterfarbe (долна боја) |
Oberfarbe (горна боја) |
designo diamantweiß bright (бела) |
Obsidianschwarz (црна) |
Hightechsilber (сребрена) |
Selenitgrau (сива) |
Obsidianschwarz (црна) |
Selenitgrau (сива) |
Nautikblau (сина) |
Hightechsilber (сребрена) |
Rubellitrot (црвена) |
designo kalahari gold (златна) |
Onyxschwarz (црна) |
designo kalahari gold (златна) |
Obsidianschwarz (црна) |
Hightechsilber (сребдена) |
Obsidianschwarz (црна) |
Rubellitrot (црвена) |
Smaragdgrün (зелена) |
Mojavesilber (сребрена) |
Mojavesilber (сребрена) |
Onyxschwarz (црна) |