за

McLaren Senna GTR за составување на салонскиот двосед

По ексклузивните китови за составување на Lamborghini Sian и Bugatti Chiron, специјалистот Lego нуди нешто сo поприземнa цена, кит на McLaren Senna GTR.

mclaren senna gtr lego technic

Кит на моделот на McLaren со име на една од најголемите возачки легенди во историјата е новина во понудата на Lego. Премиера за McLaren Senna GT во серијата Technic, со бројни детали по пример на оригиналниот тркачки автомобил.

Многу детали на McLaren Senna GTR ќе ги одушеват хобистите и тие што сакаат да даруваат. Моторот V8 има подвижни клипови, вратите се отвораат нагоре, а графиката и боите се по пример на болидот од тркачките патеки. Плус, вртењето на воланот се пренесува на тркалата.

Китот се состои од 830 делови, а составениот McLaren е долг 32 cm, широк 12 cm и висок 9 cm. Цената објавена на словенскиот вебсајт на Lego е 54,99 евра, а како датум на почеток на продажба се наведува 26-ти декември.

Кој е поспособен за работа со китови од Lego, може да се реши и за Bugatti Chiron, кој е во премиер-хоби лига, со 3.599 делови за составување, но и цена од 379,99 евра.

https://www.lego.com/en-si/product/mclaren-senna-gtr-42123

>>> Lamborghini од 3.696 лего коцки

Lamborghini Sian Lego
Lamborghini Sian Lego

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-Maybach S-Class

Над Mercedes S-Class може да има само Maybach-Class

maybach mercedes s-class

Само за лакирањето на Maybach е потребна една недела