за

Автомобилите на Mercedes-Benz нудат најмногу иновации

Во трката за автомобилски концерн со најмногу иновации, победник годинава е Mercedes-Benz. Светската титула лани му припадна на Volkswagen

Во одмерувањето на силите во 2022 година, Mercedes-Benz Group AG е автомобилски концерн што нуди најмногу иновации. Важната титула во светски размери ја доделуваат Центарот за автомобилски менаџмент од германскиот Бергиш-Гладбах и консултантската компанија PwC.

Покрај главното одликување за целиот коцнерн, Mercedes-Benz како марка е победничка во уште четири категории. Со вредност на индекс 134, Штутгарт повторно е на врвот, на местото што последен пат го освои во 2019 година. Следат Volkswagen AG (со индекс 125) и Tesla (87). Кинескиот концерн SAIC, дури успеа да го подобри високиот пласман во минатата година, и во 2022 е на четвртото место, со индекс 71, за еден бод повеќе од Geely, исто така кинески концерн, во којшто спаѓа и Volvo Cars. Од четвртото место лани, BMW годинава падна на шестото место.

Вредноста на индексот за Automotive Innovations Awards се одредува врз основа на годишната студија за иновативност што ја изработува познати Центарот за автомобилски менаџмент во Бергиш-Гладбах.

Како главна причина за успехот на Mercedes-Benz, консултантите на PwC го издвојуваат учеството на германскиот концерн со 50% во вкупниот број на светски новитети. Mercedes-Benz освои вредни бодови во подрачјето на електромобилноста, со Mercedes-Benz EQS. Штутгарт ги одушевил експертите и со постигнувањата во технолошкото подрачје за конективност, во делот на системите за осветлување и управување, коишто можат да вчитаат нов софтвер “over-the-air”.

VW е прв меѓу големоволуменските марки

Во конкуренција на големоволуменски марки, Volkswagen и годинава е најиновативна марка, пред Ford и BYD. Волфсбург добива најмногу бодови во подрачјето на „Автономно возење и системи за асистенција“. Германската марка победува и во категоријата на „Интерфејс и конективност“ во конкуренција на големоволуменски марки. Нова категорија во 2022 година е „Connected Services“. Тука исто така победува VW, пред кинескиот новодојденец Xpeng, а потоа следи Ford.

Mercedes-Benz е шампион меѓу премиум производителите

Mercedes-Benz постигнува убедливо водство во својот домен, меѓу премиум марките. Во Топ 3 и годинава се пласираа Tesla и BMW. Марката со сребрената ѕвезда е посебно силна во подрачјето на електричниот погон, но и во конективноста и во иновативните системи за ракување и прикажување. Mercedes-Benz EQS е носител на титулата најиновативен модел за 2022 година. На второто место е уште еден модел на Штутгарт, C-Class, додека трет е BMW iX.

Mercedes-Benz победува и во погонот во премиум сегментот. Во делот на големоволуменските производители, првите три места им припаѓаат на три кинески компании. Прв е BYD, потоа следи Maxus (од концернот SAIC), трет е GAC. Дури потоа следат Volkswagen и Ford, на 4-то и 5-то место.

Tesla е најдобра во подрачјето на автономното возење

Најиновативна премиум марка во делот на автономно возење и системи за асистенција е калифорниската Tesla. Според PwC, Tesla е предводник во автономното возење од Level 2+. Електричниот специјалист понесе награда и во новата категорија на „Connected Services“. Тука решаваа вмрежените услужни дејности што се однесуваат на возилото, преку статус-кво анализа за периодот од 2012 до 2021 година.

Интервју со Славче Таневски, дизајнер на Mercedes-Benz EQS SUV

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW соработува со McLaren за електричен наследник на М1?

Новата Honda Civic стартува од 33.000 евра