Станува збор за серија часовници на прочуената мануфактура IWC Schaffhausen, по чиешто име веќе се насетува дека тоа се баснословно скапи часовници. Последниот примерок од серијата со име - Big Pilot’s Watch Perpetual Calendar Edition Toto Wolff x Mercedes- AMG Petronas Formula One Team – ќе биде понуден на наддавање во Бонамс.
Непосредно пред трката на Силверстоун, за големата награда на Британија, IWC Schaffhausen како долгогодишен партнер на тимот на Mercedes-AMG Petronas во Формула 1, ќе го понуди последниот примеро од Big Pilot’s Watch Perpetual Calendar Edition „Toto Wolff x Mercedes- AMG Petronas Formula One Team“ на наддавање.
Ексклузивната серија од Big Pilot’s Watch, изработена е во само 100 примероци, и преку неа се одбележува исклучителната кариера на Тото Волф, шеф на тимот и директор на Mercedes-AMG PETRONAS Formula One. Низ годините, Тото носеше бројни часовници на IWC и прототипи, на важни настани, на тркачкиот асфалт и надвор од него.
Часовникот што е 50-ти во серијата од 100 примероци и последен е што остана непродаден, наскоро ќе биде понуден на наддавање во ценетата аукциска куќа Бонамс. Средствата од продажбата ќе бидат наменети за Ignite. Тоа е заедничка добротворна иницијатива на Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team и Сер Луис Хамилтон, кој се залага за поголема разновидност и инклузивност во мотоспортот. IWC Schaffhausen користи пригода за да најави дека секоја година ќе донира по 50.000 евра за иницијативата.
Часовникот е изработен од кератаниум, материјал што се одликува со врвна робусност и цврстина. Бројчаникот е изведен во заштитната зелена боја на PETRONAS, додека децентниот црвен раб е додаден во чест на легандарниот Ники Лауда.
Механичката програма автоматски ги разликува должините на месеците и годините, па до 2100-та година нема потреба да се нагодува. Механизмот за месечевите фази ќе остапува еден ден дури по 577,5 години.
Проценителите на Бонамс предвидуваат дека ексклузивниот часовник ќе достигне цена меѓу 40 и 100 илјади фунти.
https://www.bonhams.com/auction/28074/the-iwc-and-toto-wolff-charity-auction/