Mercedes-EQ стартува со продажба на електричниот EQS SUV

Три изведби им стојат на избор на купувачите при почетокот на продажбата на првиот луксузен СУВ на Mercedes-EQ. Понудата почнува со EQS 450+, по него следи изведба со погон на сите тркала EQS 450 4MATIC, двете со моќност од 265 kW, а врвот му припаѓа на EQS 580 4MATIC со 400 kW.

Mercedes-EQ, марката во состав на Mercedes-Benz Cars, што е специјализирана за електрични автомобили, почнува со нарачки за големиот СУВ што 100% се движи на струја. Испораките на Mercedes EQS SUV ќе почнат во декември. Возилата пристигаат во Европа од фабриката на Mercedes-Benz во Таскалуза, САД, каде што се произведуваат неутрално во однос на климата.

Големиот електричен СУВ до својот сериски старт имаше бројни важни станици ширум светот, вклучувајќи и премиера на салонот за мобилност ИАА во Франкфурт, каде што и дизајнерот Славче Таневски, Македонец што во последниве повеќе од десет години работи во Штутгарт, имаше средби со публиката.

СУВ-моделот од луксузната класа нуди многу простор, комфор и напредни онлајн-услуги. Како за електричен СУВ, дури и вториот ред седишта се движи електрично. Со доплата од 1.904 евра, EQS SUV станува седумсед. Двата задни реда седишта се впуштаат во подот и создаваат совршено рамен простор за товарење и користење за секаква намена.

Купувачите покрај трите варијанти на погон избираат и три типови на моделот:

Standard Exterieur & Electric Art Line Interieur

Electric Art Exterieur & Electric Art Interieur

AMG Line Exterieur & AMG Line Interieur

Главните ставки во дополнителната опрема се споени во пакети. Тие се водат под имињата Advanced, Advanced Plus, Premium, Premium Plus и Business Class, со можност за комбинирање на повеќе пакети. Бројни ставки се достапни како одделна опција

MBUX Augmented Reality Head-up Display (1.082,90 евра, сите наведени цени важат за Германија): Прикажува бројни содржини од унапредена реалност во функција на системите за асистенција и навигацијата. Тие информации се прикажуваат пред возилото, за возачот да добие вистинска претстава, на пример, точно во која улица треба да скршне или кој е точно објектот што се бара.

Облога на маската со Mercedes-Benz Pattern (392,70 евра): Тридимензионална мустра со ѕвезди, со првата верзија на ѕвездата што Daimler ја има заштитено во 1911 година.

MBUX Interieur-Assistent (642,60 евра): Помош на камери во таванот и со алгоритми што учат се препознаваат каква намера има возачот кога псоегнува да вклучи фунција во кокпитот. Се следат правецот на гледање, движењата на дланката и телесниот говор.

Асистент за паркирање приколка (416,50 евра): Олеснува маневрирање со приколка, со автоматско свртување на тркалата, до 5 km/h и до нагорнина од 15 проценти.

Sidebags назад (452,20 евра): Го покриваат градниот кош на патниците на патниците на задната клупа и ја зголемуваат заштитата од сериските Windowbags.

ENERGIZING AIR CONTROL Plus (535,50 Euro2): Посебна филтрација, сензори, начин на прикажување и обработка на воздухот. Составен дел е HEPA-филтер.

Цените на моделските изведби во Германија:

EQS 450+ : 110.658,10 евра

EQS 450 4MATIC : 114.446,10 евра

EQS 580 4MATIC : 135.291,10 евра

Mercedes EQS SUV: Славче Таневски создаде електричен дизајн

Претходна објаваГерманска компанија од енергетика нарача 5.000 камиони со погон на водород
Следна објаваВо Кина годинава ќе се продадат 6 милиони електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here