за

Mercedes ќе ја менува ознаката EQ за своите електрични модели

Сите нови модели на Mercedes-Benz пред завршетокот на деценијава ќе бидат со електричен погон, така што се губи смислата за тие модели да се издвојуваат со посебна ознака EQ. Шефот Келениус планира и поедноставување на означувањето на моделите во понудата на Штутгарт.

Менувањето на ознаката EQ што Mercedes-Benz ја користи за своите модели со електричен погон е во согласност со насоката што ја одреди шефот Ола Келениус, за електричните модели во блиска иднина да доминираат во понудата на Штутгарт.

Според објавата на германскиот економски дневник Ханделблат, Mercedes-Benz планира да престане со користење на ознаката EQ за своите автомобили со електричен погон.

Промената се заснова врз стратегијата што ја одреди извршниот директор Ола Келениус, којашто се сосредострочува на производство на чисто електрични автомобили. Тоа значи дека сите автомобили на Mercedes по завршетокот на деценијата ќе бидат EQ и нема смисол електричните автомобили на марката да се издвојуваат посебно во понудата.

Mercedes, сепак, и по 2030 година ќе произведува модели што користат мотори со внатрешно согорување, на пазарите на коишто електромобилноста напредува послабо во споредба со водечките пазари за погонот на струја во светот.

Келениус исто така планира да го поедностави означувањето на моделските серии. Mercedes го користи името EQ, како кратенка што упатува на Electric Intelligence, за своите модели со чисто електричен и приклучен хибриден погон.

Ознаката EQ беше применета првпат кај електричниот СУВ од средната класа EQC цо 2019 година. Гамата денес ги содржи EQE, којшто е пандан на E-Class, потоа EQS како електричен пандан на знаменосецот S-Class. Означувањето станува непрегледно со СУВ-изведбите EQE SUV и EQS SUV.

Напуштањето на ознаката EQ ќе се случи кон завршетокот на 2024 година, кога ќе биде лансирана новата генерација возила со електричен погон, открива Ханделблат.

Од Mercedes-Benz уште немаат одговорено со коментар за објавата во германскиот дневен лист.

Интервју со Славче Таневски, дизајнер на Mercedes-Benz EQS SUV

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

PEUGEOT ја започнува својата електрична година од Салонот на автомобили во Брисел

Единствен германски производител: Сите назад, само Porsche во плус