за

PEUGEOT ја започнува својата електрична година од Салонот на автомобили во Брисел

На славеничкото стото издание на салонот во Брисел, Peugeot настапува со електрифицирани изведби од сите модели што ги има во понуда.

Од 13-ти до 22-ри јануари 2023 година, со штанд во хала 7 на Palais du Heysel, PEUGEOT ќе присуствува на првиот меѓународен салон на автомобили годинава.

Нов PEUGEOT 408: каросерија во форма на фастбек и мачкест изглед

Со новиот 408, PEUGEOT ја покажува инвентивноста на своите дизајнери и инженери нудејќи невидена fastback силуета во сегментот C, прва од ваков вид во историјата на брендот и на актуелниот автомобилски пазар.

Дизајнот на 408 со својата мачкина положба му дава уникатен изглед. Неговата аеродинамика и електричните мотори се фокусирани на ефикасноста. Инстинктивните технологии се посветени на уживањето при возење.

PEUGEOT i-Cockpit® (компактен управувач, дигитална инструмент табла, интуитивен екран на допир) е централна карактеристика на моделите на брендот. Во изминативе 10 години, тој беше подобрен и модернизиран со секоја нова генерација. Во новиот 408, тој има подобрена ергономија, квалитет и технологија со нов инфозабавен систем i-Connect.

Палетата на мотори вклучува две Plug-In хибридни верзии со 180 и 225 КС, и 3-цилиндрична 1.2 PureTech бензинска верзија со 130 КС. Сите тие се комбинирани со 8-степен автоматски менувач. 100% електрична верзија ќе биде лансирана подоцна.

Литиум јонската батеријата на двата plug-in хибриди има капацитет од 12,4 kWh и моќност од 102 kW. Достапни се два вида вградени полначи: стандарден еднофазен полнач од 3,7 kW и еднофазен полнач од 7,4 kW како опција. Времето на полнење варира од 1 час 55 минути до 7 часа и 5 минути во зависност од типот на достапниот приклучок.

Саемот на автомобили во Брисел е задолжителен за PEUGEOT: за неговото 100-то издание, тоа ќе биде првиот меѓународен настан во годината и ќе ги собере на едно место речиси сите производители на автомобили. Откако го откривме PEUGEOT INCEPTION CONCEPT, нашата визија за иднината на брендот за 2025 – 2030 година, со гордост ќе ги претставиме сите наши електрифицирани модели на бриселската јавност. Овој саем го означува почетокот на нашата технолошка офанзива, нагласувајќи ја нашата амбиција да го направиме PEUGEOT водечки бренд за 100% електрични модели

Линда Џексон, извршна директорка на PEUGEOT

Новиот 408 е долг 4,69 m и има дарежливо меѓуоскино растојание од 2,79 m за максимален простор во внатрешноста. Неговиот багажник од 536 l се зголемува на 1.611 l (за бензинската верзија) откако ќе се склопат потпирачите за грб на задните седишта.

Новиот PEUGEOT 408 во трка за наградата Автомобил на годината за 2023.

Наградата Автомобил на годината (COTY) ќе ја додели жири од 59 европски новинари, автомобилски експерти од 22 земји, на церемонијата што ќе се одржи за време на саемот за автомобили во Брисел: Победникот ќе биде прогласен во хала 9 на 13-ти јануари, од 12:00 до 12:45 часот.

За да биде меѓу 7-те финалисти, новиот 408 го освои жирито со атрактивниот дизајн на својата нова, необична силуета, задоволството при возење кое се чувствува зад управувачот, неговите технологии и ефикасноста на неговите мотори.

PEUGEOT e-208 GT: поголема моќност и ефикасност

PEUGEOT e-208 GT претрпе голем технолошки пресврт со усвојувањето на моторот на новиот е-308. Максималната моќност се зголеми за 15%, од 136 на 156 КС, додека големиот напор за ефикасност ја намали потрошувачката на енергија на само 14,6 kW/h (за e-208 GT). Како резултат на тоа, опсегот скокна за 10,5% (+38km) на 398km (за e-208 GT).

До крајот на 2021 година, е-208 веќе постигна напредок достигнувајќи опсег до 362 km, дополнителни 22 km во споредба со првата верзија која се појави во 2019 година. 17,65%, додека потрошувачката е намалена за 15%.

PEUGEOT 308 SW: експресивен стил со необичен профил

PEUGEOT 308 SW е ефикасен и ултрамодерен за да ги исполни очекувањата на клиентите во сегментот на компактните каравани. Неговата должина од 4,64 m и меѓуоскиното растојание од 2,73 m обезбедуваат доволно простор за патниците.

Неговата аеродинамика е оптимизирана со Cx од 0,277 и SCx од 0,618 m, за зголемување на емисиите на CO₂ и потрошувачката на гориво. Многу простор за складирање кој е целосно посветен на благосостојбата и практичноста. Огромната централна конзола обезбедува простор за секојдневните работи на возачот и совозачот.

PEUGEOT 308 SW доаѓа со неколку типови мотори: Plug-In хибриди (HYBRID 225 e-EAT8, HYBRID 180 e-EAT8), бензинец (PureTech 130 S&S BVM6 и PureTech 130 S&S EAT8) и дизел (Blue1AT30H).

508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED

Со перформансните верзии на PEUGEOT 508 лимузината и SW, означени како PEUGEOT SPORT ENGINEERED, брендот ги креираше кодовите на новите одговорни перформанси: Нео-перформанси, совршена алијанса помеѓу спортот и технологијата.

Peugeot 508 PSE

Украсите во Kryptonite го рефлектираат новиот идентитет на PEUGEOT SPORT, додека светлосниот потпис на задни светла во форма на три канџи го црпи наследството на брендот.
508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED е технолошко чудо и ја олицетворува стручноста на инженерите на PEUGEOT SPORT. Овие инженери се докажаа на меѓународните натпревари како што се WRC (Светски шампионат во рели), Dakar, Pikes Peak и WEC (Светски шампионат на долги патеки).

Паралелно со лансирањето на 508 PSE, PEUGEOT го најави своето враќање на Светскиот шампионат ма долги патеки (WEC) во класата LMH (Le Mans Hypercar).

PEUGEOT 9X8: дизајниран за трка

PEUGEOT 9X8 е сосема нова генерација на хибриден натпреварувачки автомобил со високи перформанси. Дебитираше на Светскиот шампионат на доги патеки на FIA 2022 година (WEC) со охрабрувачки резултати во Монца (Италија), Фуџи (Јапонија) и Бахреин.

9X8 ги вклучува сите современи естетски кодови на брендот: ставот на мачка, флуидните линии подобрени со спортскиот изглед, елегантни и структурирани страни и, пред сè, светлосниот потпис во форма на три канџи. PEUGEOT 9X8 предизвикува емоции и отелотворува естетска и техничка револуција, врвна дизајнерска авантура.

2023: електрична година за PEUGEOT

Покрај овие водечки модели, штандот на PEUGEOT на саемот за автомобили во Брисел ќе биде домаќин на други електрични модели: 100% електричниот SUV e-2008, 3008 Plug-in Hybrid, 308 лимузина, како и комерцијалното возило PEUGEOT e-EXPERT.

Peugeot 3008 Hybrid4 е лав со одмерен залак

2023 година ќе сведочи за значително забрзување во електрификацијата на гамата на PEUGEOT: од првата половина на годината, сите модели на PEUGEOT ќе бидат достапни со еден или повеќе електрифицирани мотори, особено 3008 SUV и 5008 Hybrid.

PEUGEOT ќе може да го понуди најширокиот „е-избор“ во Европа. Од електрични велосипеди до комерцијални возила, вклучувајќи е-скутери и патнички автомобили, PEUGEOT ќе ги задоволи сите потреби на електрифицираната мобилност. Брендот напредува кон својата цел да ги продава сите свои модели во Европа во 100% електрични верзии до 2030 година.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тајван масовно на е-скутери, празната батерија на улица ја заменуваат со полна

Mercedes ќе ја менува ознаката EQ за своите електрични модели