за

Тајван масовно на е-скутери, празната батерија на улица ја заменуваат со полна

Реката скутери е вообичаена слика по улиците во Тајван, новината е во тоа што голем дел од скутерите веќе возат на струја. За тоа придонесува и една посебна услуга.

Електричните скутери сочинувале 12 проценти од вкупната продажба на скутери во Тајван лани. За големиот удел и за брзиот раст на бројот на скутери на струја по тајванските улици придонесува и мрежата Gogoro. Тоа се автоматски станици во коишто се остава празната батерија и се зема полна.

Gogoro се смета како светски лидер во технологијата на замена на празни со полни батерии и тоа го поткрепува со факти. Лани компанијата продала најмногу електрични скутери на пазарот во Тајван, а дополнително и партнерската компанија A-Motor е втора најпродавана марка во земјата. Седма година во низа, Gogoro го преводи пазарот.

Електричните скутери учестувале со 12% во вкупната продажба на скутери во Тајван лани. Уште посилен впечаток остава податокот дека 90% од тие скутери се опремени со технологија за замена на батерија од Gogoro. Пет од шест најпродавани марки скутери на струја ја користат технологијата, односно мрежата на Gogoro.

„Во земјата денес има повеќе локации за замена на празни со полни батерии, отколку што има бенински станици во големите градови во Тајван“, открива основачот и извршен директор на Gogoro, Хорас Лук.

Корисниците и властите сé повеќе бараат чист и паметен превоз за градовите, а со „технологијата, партнерите и искуството на Gogoro, ние сме во одлична позиција да излеземе во пресрет на нивните барања“, додава Лук.

Мрежата постојано се приспособува според потребите на возачите, бизнисите и заедниците – потребно е единствено да се постави „вендинг-машина“ за батерии на соодветни места

Gogoro брои повеќе од 524.000 возачи на скутери како корисници. Во оптек се повеќе од 1,1 милион паметни батерии, преку мрежата што се состои од 12.200 GoStation за замена на батерија. На возачите им стојат на располагање станици на 2.504 локации.

Дневно во просек се заменуваат 390.000 батерии, а досега услугата е користена повеќе од 370 милиони пати. Менаџерите ценат дека преку користењето на мрежата на Gogoro, атмосферата е поштедена од преку 250.000 тони СО2.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot организираше тркалезна маса со Линда Џексон и Фил Јорк за македонските новинари

PEUGEOT ја започнува својата електрична година од Салонот на автомобили во Брисел