Со нарачката на пет дополнителни примероци од Mercedes-Benz eCitaro, претпријатието за јавен превоз во Бремен го направи следниот голем чекор во електрификацијата. Испораката на автобусите е планирана за почетокот на 2022 година.
Единечните автобуси со три врати се опремени со иновативните батерии со цврст електролит. Овие батерии комбинираат висока енергетска густина и особено долга трајност. Седум батериски пакети со вкупен капацитет од 441 kWh гарантираат голем досег. Mercedes-Benz ќе се погрижи и за инфрастуктурата. Во обемот на испорака спаѓаат пет станици за полнење со моќност од по 150 kW, како и три подвижни полначи од по 40 kW, вклучувајќи сервисирање.
Петте електрични автобуси располагаат со лифт на предната врата, како и со места за инвалидски колички, односно за детски колички. Седиштата се од сопствена изработка од фабриката во Ној Улм и обложени се со платно.
За безбедноста посебно се издвојува системот Sideguard Assist, кој го предупредува, возачот односно спречува автобусот да удри во пешак или велосипедист, при скршнување во десно. Во тоа подрачје возачот речиси нема прегледност и поради тоа често се случуваат незгоди. Возачкото седиште е климатизирано и има грејачи, вклучувајќи и електрично местење во слабинскиот дел. Внатрешниот ретровизор исто така се мести електрично.
https://www.instagram.com/p/CFezoI0HhW6/
Компанијата од Бремен дневно врши превоз на 300.000 лица со 120 шиновуси и 220 автобуси. Мрежата опфаќа 40 линии, кои покриваат 500 километри. Половината од автобусите се Mercedes. До 2025 година, половина од превозниот капацитет на компанијата ќе отпаѓа на електричен погон.
>>> Бретања нарача 92 електрични автобуси Mercedes eCitaro

















