Холандија започна со изречување казни во случај кога новата генерација камери ќе открие дека некој возач користи телефон додека вози.
Нова генерација паметни камери по патиштата во Холандија ги забележува возачите што користат телефон додека управуваат со возило. Откако системот ќе регистрира дека возачот држи телефон, фотографијата се испраќа автоматски до надлежната служба. Во следниот чекор, службеник проверува дали навистина се работи за прекршок. Казната се испраќа автоматски на адресата на сопственикот на кого што е регистрирано возилото.
Камерите ги фотографираат сите возила што поминуваат по патот. Лицето на возачот не се наоѓа на фотографијата, затоа што камерите се насочени укосо надолу. Системот ги регистрира дланките на возачот и ознаките на возилото. Камерите работат дење ноќе, во сите временски услови.
За прекршокот следи парична казна во висина од 240 евра
Уште при тестирањето на системот бил регистрирани голем број прекршоци. Само за шест часови, две камери, поставени на спореден пат и на автопат, снимиле 400 возачи што во моментот држеле телефон. Во меѓувреме реагираше и холандската организација за безбедност во сообраќајот, која укажува дека некои возачи, со цел да го надитрат системот од камери, го ставаат телефонот во скут, доведувајќи се во опасност и себе и останатите учесници во сообраќајот.