Читателите на двата магазини гласаа за најдобрите дигитални решенија во автомобилите.
Меѓу градските и компакт моделите победи Opel Mokka-e со целосно дигиталниот Pure Panel во кокпитот. Наградата за најдобро конектиран автомобил за 2020 година во средната класа ја освои електричниот Polestar 2 со Google-оперативен систем, додека во вишата класа победи Audi e-Tron Sportback. Најдобро искуство со конективноста во возилата за кампување посредува VW Grand California.
Во категоријата за безбедност победи Kia со системот за помош при скршнување на крстосница, што се вградува во новиот Sorento и користи камери. Audi е одликуван во категоријата на инфо-забавни системи за 3D-проекцискиот дисплеј.
Наградата за најдобра апликација, односно за најдобра услуга, му припадна на BMW, за телефон што служи како клуч за возило „Apple Car Key“. На тема нова мобилност, најдобра е компанијата со јавно достапен возен парк (car-sharing) Miles, што во услугата ги пресметува само извозените километри.
Наградата за „пионерски“ достигнувања што ја доделуваат редакциите на магазините Auto Bild и Computer Bild ја освои Skoda за својата апликација „Sound Analyser“. Со оваа апликација се анализираат звуците при работата и се проверува дали тоа укажува на потреба да се посети сервисната работилница.
















