BMW си изработи новогодишна елка со 3D-печатење

BMW си изработи новогодишна елка со 3D-печат

Фабриката на BMW во Ландсхут работи интензивно на воведувањето на т.н. адитивна изработка, повеќе позната како 3D-печат, во сериското производство. Како доказ за достигнатото ниво, и воедно во дух со празничниот период, техничарите изработија новогодишна елка со 3D-печатење. Но, има и еден важен дел што ќе се користи во самото производство на автомобили.

Тридимензионалното печатење е омилената „играчка“ на техничарите веќе подолго време. Предностите се во тоа што сосем нов дел може да се изработи за кусо време, со каква било форма и без потреба од скапи или сложени алати.

BMW ја развива технологијата затоа што 3D-печатењето е исплатливо и помага да се скуси времето за развој и производство, без да се жртвува квалитетот. Многу форми што не можат да се изработат со постоечката технологија, не се проблем за 3D-печатот.

Во центарот за лесни метали во Ландсхут, за изработката на песочните калапи кои понатаму се користат за прототип-одливки за тестирање, веќе со години се користи адитивната изработка. Метални делови за каросерија исто така се изработуваат тука, со користење на постапка на селективно топење со ласерски зраци. Друга примена за 3D-принтот се т.н. плетивни јадра за карбонски делови. Овие служат за изработка на шупливи делови, конкретно за резервоари за водород.

3D-печат првпат се користеше и за роботски грајфер со голема површина

Во овој центар за технологија на групацијата BMW деновиве беше изработен и грајфер за робот, тежок 120 килограми. За изработката беа доволни само 22 часови. Делот ќе се користи за преса во погонот на карбонски делови. Грајферот служи за добавување материјал до пресата, како и за извлекување на пресуваниот дел. Конкретно станува збор за преса за изработка на карбонски покрив, што меѓу другото се вградува во M4 Performance & Co.

https://photos.app.goo.gl/8nT6veStUtPncSAB7

Овој дел што е изработен со 3D-печат е многу полесен и помага да се продолжи рокот на експлоатација на роботот. Абењето и сервисирањето исто така се намалени. Самиот грајфер е изработен од остатоци од карбон, односно од секундарна суровина.

Првата примена на адитивната изработка во BMW датира од пред три децении.

>>> BMW го подготвува 3D-печатењето за индустриско производство

 

Претходна објаваОвие автомобили имаат најдобри „врски“ според Computer Bild
Следна објаваFord разви џемпер за безбедно растојание

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here