Ford разви џемпер за безбедно растојание

Ford разви џемпер за безбедно растојание

Во бројни средини е обичај да се облекуваат шарени волнени џемпери за божикните и новогодишните празници. Ford се приклучува на оваа манија со џемпер што луѓето кои го носат буквално сакаат да бидат забележани. Тоа е воедно и целата замисла.

Џемперот на Ford изгледа исто толку дречливо и топло како сите од овој вид, меѓутоа има посебна фуинкција. Тоа е божикен џемпер за „безбедно растојание“ и замислен е како подарок за велосипедисти и е-скутеристи. Мали проектори во роговите, носот и во опашот на лосот ја осветлуваат почвата околу носителот и обележуваат безбедно растојание во радиус од 1,5 метар. Овој простор е во форма на божикна елка и има функција на возачите да им укаже на безбедното растојание што треба да го одржуваат одминувајќи ги велосипедистите, пешаците и другите учесници во сообраќајот.

Ford го вклучи џемперот во кампањата за безбедност „Share The Road“ на британските патишта. Велосипедистите и пешаците честопати се чувствуваат загрозени, додека возачите на автомобили минуваат преблиску до нив. Четири од секои пет велосипедисти се жалат дека возилата што минуваат преблиску се најопасна закана за нив. Покрај тоа, девет од десет редовни велосипедисти во земјата, најмалку еднаш неделно „за малку“ избегнуваат опасна ситуација.

https://photos.app.goo.gl/4aQJPxb3cCdfDCQR8

Не постои општо правило, колку изнесува безбедното растојание што треба да се почитува при престигнување велосипед, меѓутоа се цени дека 1,5 метар е доволно на патишта со брзина до 50 km/h и повеќе на патишта на кои се вози побрзо.

https://photos.app.goo.gl/Xyn8KqTVzwxnXBbMA

Носењето на џемперот пред завршетокот на оваа корона-година има дополнителна корист и при пешачење и генерално во секојдневието, затоа што упатува да се одржува безбедно растојание и во поглед на заштита од пренесување на вирусот.

>>> Каков избор на користено возило е Ford C-Max?

Претходна објаваBMW си изработи новогодишна елка со 3D-печатење
Следна објаваСедум моделски серии на Audi нудат приклучен хибриден погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here