BMW го подготвува 3D-печатењето за индустриско производство

BMW го подготвува 3D-печатењето за индустриско производство

Групацијата BMW јавува дека напредувала за уште еден чекор во подготовката за воведување на 3D-печатењето во индустриско производство. Целта е да се постигне економска корист и оваа напредна техника да се воведе во различни подрачја во работењето на компанијата.

Во групацијата BMW од средината на годинава се произведуваат делови за возила од т.н. адитивна изработка, повеќе позната како 3D-печатење. Делови од метал и од пластика моментно се вградуваат во возилата на Rolls-Royce. Истите се изработуваат на различни локации во производствената мрежа на BMW ширум светот.

Деловите се користат во каросеријата на возилата, како и во кабината, и се одликуваат со висока функционалност и цврстина. Постапката е развивана во сопствениот истражувачки центар Additive Manufacturing Campus, за да се овозможи 3D-печатењето да се користи во сериското производство на возила. Овој центар е познат по тоа што во него се изработуваат пластични делови со т.н. постапка на мулти џет фузија, како и со селективно ласерско синтерување.

https://photos.app.goo.gl/fhTWMuKu4X72Qnot6

Инженерите и технолозите уште во најраната фаза при развојот на новите модели анализираа и тестираа, во колкав обем може да се применува производството со помош на адитивна изработка. Технологијата овозможува изработка на делови што се полесни и посложени отколку при користење на традиционалните постапки, а воедно и трошоците се смалуваат.

Во идните нови модели на BMW од големосериско производство може да се очекува дека ќе има поголем број делови што ќе бидат изработени со оваа технологија на 3D-печатење. Некои од деловите може да бидат и до 50% полесни од досега. Пример за такви делови е држачот за амортизерот на поклопецот на багажникот.

https://photos.app.goo.gl/DrfzEHqBx54EvEsS6

Моментно околу 80 лица работат во Additive Manufacturing Campus во Минхен и работат на изработка на делови за прототипите. Во центарот се наоѓаат и 50 индустриски постројки за 3D-печат на метал и пластика. Во глобалната мрежа на BMW постојат уште повеќе од 50 постројки.

>>> Клипови од 3D-печат му носат плус 30 КС на Porsche

Претходна објаваSkoda годинава држи 6 проценти од пазарот во Германија
Следна објаваVolkswagen Tiguan со приклучен хибрид и 50 km досег

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here