за

Mercedes-Benz 600, 230 SL, C-Class: Бројни јубилеи во 2023 година

На марката со сребрената ѕвезда ѝ престојат важни прослави на моделски родендени и успеси во мотоспортот, меѓу другото 60-годишнина на Mercedes-Benz 600 и 30 години од првата C-Class.

Марка со богата историја и со бројни заслуги на автомобилската сцена, често има и поводи за прославување. Неколку годишнини на прочуени моделски серии на Mercedes-Benz, вклучувајќи ги секако и бројните успеси во мотоспортот, во текот на 2023 година ќе нé потсетуваат на изминатите времиња.

На 20-ти јануари 1983 (пред 40 години): Џеки Икс и Крод Брасер победуваат на рели Париз-Дакар со Mercedes-Benz 280 GE.

На 26-ти јануари 1963 (пред 60 години): Тимот Еви Росквист/Урсула Вирт победува со рели автомобил Mercedes-Benz 220 SE во дамска коннкуренција на релито Монте Карло.

Јануари 1938 (пред 85 години): Светски рекорд на Рудолф Карачиола на автопатот Франкфурт-Дармштат со 432,7 km/h. Рекордот останува 79 години.

Февруари 1998 (пред 25 години): Од монтажната лента заминуваат првите примероци од A-Class што стандардно се опремени со систем ESP.

Февруари 1928 (пред 95 години): Во Штутгарт е роден Ханс Херман. Тој во 1950-те години е фабрички возач при враќањето на Mercedes-Benz во мотоспортот.

На 14-ти март 1993 (пред 30 години): Специјалниот модел Mercedes-Benz 500 GE V8 слави премиера на салонот во Женеватоа е најава за идните модели на G-Class со мотор V8.

На 15-ти март 1998 (пред 25 години): CLK Cabriolet (серија 208) и E 55 AMG T-Modell (серија 210) се два новитети од салонот во Женева.

На 24-ти март 1963 (пред 60 години): Mercedes-Benz го претставува 230 SL (W 113). „Пагодатае прв спортски автомобил во светот, со безбедносна каросерија.

Од мај до 31-ви октомври 1893 (пред 130 години): Друштвото за мотори Дајмлер (Daimler-Motoren-Gesellschaft) на светската изложба во Чикаго го претставува првиот автомобил во возна состојба во САД.

Мај 1993 (пред 30 години): Претставување на првата Mercedes-Benz C-Class (серија 202). Со неа почува и новото означување на сите моделски серии.

Јули 1903 (пред 120 години): Победа на Камил Јенаци на трката Гордон-Бенет со приватен Mercedes-Simplex 60 PS – како замена за изгорениот нов фабрички тркалчки автомобил со 90 КС.

На 21-ви август 1983 (пред 40 години): Mercedes-Benz 190 E 2.3-16 (W 201) поставува три светски рекорди и девет рекорди во класа, на патеката во Нардо.

На 31-ви август 1963 (пред 60 години): На релито Спа-Софија-Литих победуваат Еуген Берингер и Клаус Кајзер со Mercedes-Benz 230 SL (W 113).

Септември 1953 (пред 70 години): Mercedes-Benz одржува презентација за новинари на типот 180 (W 120). „Понтонскаталимузина е значајна нова конструкција во повоените години.

Септември 1923 (пред 100 години): Тркачкото возило Benz Tropfen (капка), прв натпреварувачки автомобил на светот со средишен мотор, постигнува успеси на Монца.

На 19-ти септември 1993 (пред 30 години): C 36 AMG, E 36 AMG, E 60 AMG ои SL 60 AMG се новитетите на меѓународната автомобилска изложба (IAA) во Франкфурт на Мајна.

На 21-ви септември 2003 (пред 20 години): Суперспортскиот автомобил SLR McLaren (серија 199) и студијата Vision CLS се две големи премиери на ИАА.

Септември 1898 (пред 125 години): Испорачан е Daimler „Phönix-Wagen“ со 2,1-литарски мотор со моќност од 5,9 kW (8 КС). Тоа е прв автомобил во светот со четирицилиндарски мотор.

На 22-ри септември 1963 (пред 60 години): Mercedes-Benz 600 (W 100) е новина што предизвикува сензација на салонот ИАА во Франкфурт на Мајна.

На 11-ти октомври 1998 (пред 25 години): Mercedes-Benz S-Klasse од серијата 220 доживува светска премиера на салонот во Париз.

На 14-ти октомври 1928 (пред 95 години): Mercedes-Benz 18/80 PS Typ Nürburg 460 (W 02) е прв патнички автомобил на марката со осумцилиндарски линиски мотор. Светска премиера во Париз.

Ноември 1998 (пред 25 години): Со победата во Сузука, Мика Хакинен станува светски првак во Формула 1. Титулата на конструктори му припаѓа на тимот West McLaren-Mercedes.

Ноември 1968 (пред 55 години): Mercedes-Benz во Хокенхајм ги претставува купеата од серијата 114 („Strich-Acht“ – црта осум).

Декември 1913 (пред 110 години): Со модифицирана изведба на „Blitzen-Benz“, Ел Џи „Кјупид“ Хорнстед поставува два светски рекорди на Бруклендс.

Декември 1953 (пред 70 години): Mercedes-Benz 220 Coupé (W 187) влегува во продажба и со тоа ја почнува традицијата на купеа од високата класа на марката.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ID.7: Овој Volkswagen треба да ја запре Tesla Model 3

Rivian лани произвел близу 25.000 електрични пикапи и комбиња