Овој Mercedes исто како да има 16 тркала и вози на струја

Mercedes-Benz EQC 4x42

Тоа што изгледа како игра, всушност е многу сериозно. Mercedes со својот трет концептен автомобил во серијата 4×4², докажува дека најтешките терени не претставуваат проблем за електричниот погон. Производителот на G-Class, сепак ги познава одлично предизвиците на теренот, па овој EQC 4×4² не служи само за шоу.

Како основа послужи EQC 400 4Matic, на којшто потоа се извршени преправки во стилот на G 500 4×4², првиот екстремист од ваков вид, кој во 2015 година дури влезе и во сериско производство. Клучните компоненти на преправката се таканаречените портални оски, прочуени меѓу другото од „пинцгауер“. Проектот е дело на развојниот инженер Јирген Еберле, кој претходно работеше и на E 400 All-Terrain 4×4² од 2017 година.

Возењето по пустински песок или по плажа се лесна вежба за електричниот теренец, исто како и минување преку карпи или преоѓање преку реки. Идејата на Mercedes е да покаже дека авантуристичкиот дух може да оди рака под рака со лајфстајл и со одржливост, односно со електричен погон. Со подигнување шатор на покривот и со гумен чамец, може да се кампува и во најнепристапните предели.

https://photos.app.goo.gl/ci7A86KMDzFBPfzTA

Растојанието од 293 милиметри од подлогата е двапати поголемо во споредба со серискиот EQC (140 mm). Дури и G-Class има 58 милиметри помалку резерва под подот. Длабочината на понирање во вода е зголемена за 15 сантиметри и изнесува 40 сантиметри. Сето тоа е заслуга на порталните оски. Разликата е во тоа што тркалата не се прицврстени директно на погонските оски, туку се поместени подолу и добиваат погон преку портален преносник. На тој начин се подигнува целото возило. Подвозјето ги користи истите точки за прицврстување како во стандардната варијанта на моделот.

https://photos.app.goo.gl/UpVwdCdDz28ykBZX7

Теренската геометрија е импресивна: Агол на пристап 31,8 степени и агол на излез 33 степени. За споредба, G-Class има агол на пристап од 28 степени. Програмите за возење по терен се приспособени на крупните преправки во погонот. Гумите 285/50 R 20 газат сигурно по секаква подлога. EQC 4×4² е за 20 сантиметри повисок од серискиот модел. Проширувањата на крилата мерат 10 сантиметри.

Важен дел од студијата се звучните ефекти. Различни звуци го информираат возачот дека возилото е подготвено за поаѓање и создаваат единствена звучна кулиса при возењето. Какви звуци ќе се произведуваат во моментот, зависи од педалата за возење, од брзината или од рекуперацијата. Овие звуци се генерираат во реално време и се емитуваат преку звучниците во кабината.

https://photos.app.goo.gl/S3rq1WE4p5AAd5iYA

Во серискиот EQC се вградуваат звучници во браниците, согласно законските барања за пешаците и велосипедистите да бидат свесни дека им се приближува електрично возило. Секако дека овој звук е посебен во EQC 4×4² и патем се емитува од предните светла.

EQC 4×4² е трет модел во семејството 4×4² на Mercedes-Benz. Прв беше G 500 4×4² кој од септември 2015 година се изработи и во мала серија. Две години подоцна следеше студијата Mercedes-Benz E 400 All-Terrain 4×4².

https://photos.app.goo.gl/zYXNF8XYU7sPyVga8

>>> Електричниот Mercedes EQC во Германија за 799 евра месечна претплата

Претходна објаваПросечната цена на нов автомобил во Германија: 37.710 евра
Следна објаваАвтомобили без возач ќе се тестираат низ Сан Франциско

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here