за

Просечната цена на нов автомобил во Германија: 37.710 евра

Купувачите во Германија годинава избираат значително поскапи автомобили. Два големи тренда се причина за тоа.

BMW 4 series Cabrio

Поради растечката продажба на СУВ-модели, но и големиот број на новорегистрирани електрични автомобили, просечната цена на новите автомобили што германските возачки и возачи ги избирале годинава е многу повисока отколку лани.

Купувачите во Германија годинава во просек даваат повеќе пари за своите нови возила. Просечната цена според редовните ценовници се зголемила за 8,1 проценти и изнесува 37.710 евра. Ова зголемување се должи првенствено на растечката продажба на СУВ-модели во градската класа, на зголемениот интерес за премиум марките, како и на возилата со електричен погон.

Според пазарните аналитичари, во услови на корона-кризата се купуваат многу поскапи нови автомобили. Покрај желбата на бројни купувачи да поседуваат поквалитетен и поскап автомобил, за зголемувањето на просечната цена придонесе и државната „иновациска премија“ за возила со елеткричен и со приклучен хибриден погон.

Уделот на овие возила со целосно или делумно електрифициран погон се зголеми во споредба со минатата година и моментно изнесува близу десет проценти. Државната субвенција во висина до 9.000 евра за електрични возила не е земена предвид при пресметката на просечната цена. Пазарот пријавува и зголемен удел на СУВ и луксузни автомобили од марките Audi, BMW, и Mercedes-Benz.

>>> Половина од купувачите избираат автомобил според онлајн-оцените

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen traton navistar lonestar

Volkswagen доби пристап на камионскиот пазар во САД

Mercedes-Benz EQC 4x42

Овој Mercedes исто како да има 16 тркала и вози на струја