за

Дваесетметарски автобуси Mercedes ќе возат во Гетеборг

Џиновски градски автобуси на Mercedes-Benz наскоро ќе возат по шведските улици. CapaCity L е долг 21 m и нуди простор за 191 патници.

Дваесетметарски автобуси Mercedes ќе возат во Гетеборг

По обемните тестирања, шведскиот град Гетеборг издаде одобрение за двозглобни автобуси Mercedes-Benz CapaCity L да сообраќаат по градските улици. Екстра долгиот автобус со четири оски ги исполнува барањата што ги поставува Шведската централна агенција за транспорт, меѓу кои се бара и доволна странична стабилност за зглобни автобуси.

Функционалните и подвижни џиновски автобуси на Mercedes-Benz со должина од 21 метри и место за 191 патници одлично одговараат за големи градови со висока оптовареност на автобуските линии.

Шведското претпријатие за превоз Transdev нарача 23 автобуси од типот CapaCity L. Првите автобуси веќе се испорачани, а примената во јавниот превоз во Гетеборг ќе стартува до крајот на годинава.

Повеќедневните тестирања се состоеја од најразлични маневри со повеќе степени на натовареност. Најдолгиот автобус на Mercedes-Benz што користи само еден зглоб, покажа стабилни возни својства. Задниот дел од автобусот не губи стабилност ниту при брзина од 80 километри на час. Тоа се должи на примената на контрола на аголот на свивање, кој ја приспособува амортизацијата во зглобниот систем според условите.

>>> Бретања нарача 92 електрични автобуси Mercedes eCitaro

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест на зимски гуми на АДАК со димензија 205 -55 R16

Тест на зимски гуми на АДАК со димензија 205/55 R16

Volkswagen започна со производство на електромотори во Кина

Volkswagen започна со производство на електромотори во Кина