Volkswagen започна со производство на електромотори во Кина

Volkswagen започна со производство на електромотори во Кина

Огранокот Volkswagen Group Components ќе биде централен добавувач на компоненти од електричен погон за марките на коцнернот и за неговите заеднички инвестиции во Кина, како најголем и најважен пазар за електромобилноста.

Во фабриката за компоненти на Volkswagen во кинескиот Тјанџин започна производството на погонот APP310 што е дел од модуларната платформа за електрични автомобили MEB. Погонот ќе се вградува во примероците од Volkswagen ID.4 произведени од партнерот FAW (ID.4 CROZZ) и SAIC (ID.4 X). Идните модели од концернот врз база на платформата MEB што се наменети за кинескиот пазар, исто така ќе користат делови од локално производство.

Електромоторот за APP 310 за постоечките и идните електрични модели на концернот Volkswagen што се наменети за европскиот и северноамериканскиот пазар доаѓа од водечката фабрика за електричен погон во Касел, Германија.

Во фабриката за компоненти во Тјанџин се произведуваат автоматски менувачи уште од 2021 година. По стартот со менувачот за возила со хибриден погон DQ400e и на електричниот погон APP 290, сега со APP310 следи уште едно клучно поглавје на преодот во електричната ера.

Синхрониот мотор со перманентен магнет и паралелна положба на погонот и преносот во однос на оската располага со моќност до 150 kW (205 КС) и максимален вртежен момент од 310 Nm. Инсталираниот технички капацитет на фабриките за компоненти во Тјанџин и Касел достигнува 880.000 електрични погони на годишно ниво. Продукцијата до 2023 година ќе се зголеми на 1,4 милион погони. Со тоа, Volkswagen Group Components ќе стане еден од најголемите произведувачи на електричен погон во светот.

>>> Концернот Volkswagen ќе електрифицира цел грчки остров

Концернот Volkswagen ќе електрифицира цел грчки остров

Претходна објаваДваесетметарски автобуси Mercedes ќе возат во Гетеборг
Следна објаваTesla стана дел од берзанскиот индекс S&P 500

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here