McLaren Elva вози во боите на Gulf

meclaren elva gulf

Уникатниот родстер на McLaren во сината и портокаловата боја на Gulf ја доживеа својата светска премиера на виртуелното издание на Неделата на брзината во Гудвуд викендов. Купувачите на Elva ќе можат да нарачаат нивниот суперспортски автомобил од Вокинг да биде лакиран во Gulf-Look во специјалното одделение на McLaren.

Новиот родстер кој спаѓа во таканаречената Ултимативна Серија на McLaren го задржува принципот на лесна конструкција од својот претходник. Каросеријата на Elva не поседува стакла и нема покрив, а место тоа се користи Active Air Management System (AAMS). Тоа е мајсторија на аеродинамичарите на куќата, кои преку овој систем создаваат еден вид заветрина над кабината.

Моторот V8 со зафатнина од 4,0 литри и битурбо-натполнење, постигнува 815 КС и вртежен момент од 800 њутнметри. Elva достојно ја продолжува традицијата на претходниците McLaren P1, McLaren Senna и Speedtail, кои исто така се дел од Ултимативната Серија.

Elva потсеќа на спортските модели со истото име од 1960-те години. Тоа се едни од првите спортски автомобили што Брус Мекларен ги конструираше, но и ги возеше на трки.

>>> Вредноста на McLaren F1 надмина 16 мио. ₤ по премиерата на T.50

 

Претходна објаваLand Rover не се снаоѓа најдобро со хибридниот погон
Следна објаваBMW X5 M и X6 М во тркачко издание во само 250 примероци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here