BMW X5 M и X6 М во тркачко издание во само 250 примероци

BMW X5 X6 M Competition First Edition

Супериорна моќ, појава од којашто возачите се повлекуваат во десно кога ќе ја здогледаат во ретровизор и екстравагантен настап, тоа се главните одлики на новите BMW X5 M Competition и BMW X6 M Competition. Двата модели се и повеќе од екслузивни во ова посебно издание, но BMW сега докажува дека и од тоа може да има подобро.

Серијата со ознака First Edition додава некои стилски детали што дополнително ставаат нагласок на енергичниот и единствен карактер на двете верзии од „теренците“ што го носат знакот на M GmbH.

Пристапот во изработката на деталите во двата модели од специјалната серија First Edition се уште едно сведоштво дека Rolls-Royce е член на баварската групација. На тој начин уште поубедливо се доживуваат 625-те КС на моторот V8 со два турбополначи, заедно со подвозјето дотерано од специјалистите на M GmbH и погонот на сите тркала M xDrive. Двата специјални модели ќе се изработат во серија од по 250 примероци во фабриката на BMW во Спартанбург, САД.

https://photos.app.goo.gl/SLvw36Fu8Kirhrax6

X5 и X6 во ексклузивната серија се лакирани во Frozen Dark Silver боја, што посебно е изработена за нив. Мат лакот прави моќните пропорции, јасните површини и деталите во стилот на M GmbH да изгледаат уште поубедливо. По желба, каросеријата може да се лакира и во специјалната боја Frozen Marina Bay Blau од понудата на BMW Individual. Оваа боја може отсега да се нарача и за BMW X5 / X6 M Competition, како и за X5, X6 и X7.

https://photos.app.goo.gl/5HAvdezWTTK7QZHA9

Со бојата на каросеријата одговараат M-тркалата со ѕвездести краци, што посебно за First Edition се лакирани во боја Jetblack uni. На предната оска се монтирани тркала од 21 инчи, назад има еден инч плус. Во надворешноста се додадени неколку елементи од карбон. Освен капите на ретровизорите, тркачкиот дух го оддава и големиот заден спојлер од истиот материјал.

https://photos.app.goo.gl/WJhhoppqAPcugExc7

Од специјалното одделение BMW Individual потекнува и комплетниот кожен ентериер со мерино-кожа, во ексклузивна двобојна комбинација силверстоун-ноќно сина. Спортскиот карактер на мултиконтурните седишта се нагласува со црна алкантара отстрана и со контрастни штепови во портокалова боја. Овие штепови се повторуваат и на облогите на вратите, како и по самата арматурна табла што е обложена со кожа. Таванот исто така е обложен со алкантара во боја на ноќно синило.

https://photos.app.goo.gl/GF2Ppagc9hvzUsKe8

Вообичаено, врвот во ексклузивната преработка е натписот First Edition 1/250 на сребрената плочка, што е поставена врз карбонска лајсна во средишната конзола и дури отпосле е обработена со проѕирен лак, заедно со целата конзола.

>>> BMW вчитува нов софтвер „по воздушна линија“ во 750.000 возила

Претходна објаваMcLaren Elva вози во боите на Gulf
Следна објаваНовиот пикап на Great Wall станува светски модел

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here