Целосно нов дизел мотор од 3,3 литри, со шест цилиндри во линија, ќе работи во знаменосецот Mazda CX-60. Достапен во изведби со 200 и 255КС, со вртежен момент до 550 Nm, на дизелот во големиот СУВ му се доволни 4,9 литри гориво.
Големата вест за новиот Mazda CX-60 беше дека тоа е прв модел на јапонската марка во којшто работи приклучен хибриден погон. Специјалистот за ванкел, објави дека во гамата на големиот СУВ ќе нуди и целосно нов дизел мотор, со шест цилиндри во линија. Mazda за своите модели применува стратегија на „пристап со повеќе решенија“ и со 3,3-литарскиот дизел им нуди решение на возачките и возачите што бараат штедлив автомобил за возење на долги релации, вклучувајќи и можност за влечење тешка приколка.
Најавувајќи го големиот дизел новитет, Mazda посочи и дека во следните три години ќе пушти во продажба пет модели со електрифициран погон. Тоа веројатно ќе бидат изведби на постоечките моделски серии со приклучен хибриден погон, коишто ќе им се придружат на изведбите со бензински или дизел мотор.
По 2025 година, Mazda стартува со нова Skyactiv EV Scalable Architecture. Тоа ќе биде заедничка платформа којашто ќе овозможи техничарите да изведуваат електрични автомобили од сите класи.
Со користење напредна технологија на согорување, новиот 3,3-литарски мотор e-Skyactiv D се вбројува меѓу најчистите дизели во светот. Во Mazda се убедени дека моторот ќе ги исполнува и уште построгите норми за издувни гасови коишто ќе следат во иднина.
Моторот е развиван според принципот на „вистинска големина“. Тоа значи дека моторот од една страна е доволно „мал“ да постигне висока ефикасност во работата, додека од друга страна е доволно голем за да извлече врвна моќнност. Моторот со шест цилиндри и 3.283 сантиметри кубни е вграден надолжно. Фактот што се работи за линиски, место за мотор V6, говори дека на техничарите им било важно да постигнат врвна смиреност во работата на моторот. Купувачите ќе можат да избираат меѓу изведба со 200 КС и погон назад, и изведба со 254 КС и погон на сите тркала i-Activ AWD.
Електрификацијата сепак не го одминува големиот дизел. Моторот располага со 48-волтен стартер-генератор, односно станува збор за благ хибрид. Начинот на работа на благиот хибрид веќе е познат. Тоа што овозможува штедење во сите услови на возење е наредната технологија на согорување, односно DCPCI (Distribution-Controlled Partially Premixed Compression Ignition). Моторот се одликува со термичка ефикасност од преку 40 проценти.
Верзијата e-Skyactiv D со 254 КС спринтува до темпо сто за само 7,4 секунди и постигнува највисока брзина од 219 km/h. Просекот изнесува 5,3 l/100 km. Изведбата со 200 КС ја намалува потрошувачката за 0,4 литар. Голем нагласок се става на податокот за дозволената тежина на приколка, од 2,5 тон. Електричните автомобили и приклучните хибриди не се ценат посебно како машини за влечење товар.
Како трета погонска изведба во гамата на Mazda CX-60 наскоро ќе се придружи 3,0-литарски e-Skyactiv, којшто исто така работи како благ хибрид..
Уште една голема најава од Mazda е идниот CX-80, којшто ќе биде поголем од CX-60, со три реда седишта и планиран старт за в година. Дизелскиот CX-60 ќе стартува со испорака во почетокот на 2023 година.
Mazda стартуваше со производство на CX-60, прв со приклучен хибриден погон