Премиерата на филмот „The Matrix Resurrections“ во САД се одржа на 18-декември, во Сан Франциско. Во филмот се појавува Mercedes-Benz G 550, а во таа чест беше поставена посебната инсталација „Црвена капсула“.
Новиот филм „The Matrix Resurrections“ ја доживеа својата премиера во САД во театарот Кастро, во Сан Франциско, на 18-ти декември. Филмот повторно ги пренесува гледачите во светот со две реалности: Едната е секојдневниот живот, другата е таа што го одредува секојдневниот живот.
Главниот лик Нео повторно е пред решавачко прашање: Да ја испие сината или црвената капсула? Доколку ја испие сината, тој ќе остане во секојдневието на симулираниот свет Матрикс. Доколку се реши за црвената, тој ќе влезе во непознатиот реален свет и повторно ќе се бори против владеењето на машините.
Mercedes-Benz за премиерата подготви инсталација на џиновска црвена капсула, покрај историската палата на филмот. Таа е долга 12 метри, широка е четири метри и висока е 3,5 метри. Во капсулата се наоѓа Mercedes-AMG G 63 (истиот модел што пред неколку денови кусо престојуваше во салонот на Мак Аутостар, пред да биде испорачан) во селенит сива боја. Иконскиот G-Class во филмот се појавува во возбудлива бркотница. Ознаката G 550 се користи за пазарот во САД. Неколкумина одметници во G-Class им помагаат на Нео и Тринити во бегството од Матрикс.
Mercedes-Benz има долга традиција на соработка во филмовите. Партнерството со Warner Bros трае успешно веќе 20 години
Warner Bros. Pictures го прикажува „The Matrix Resurrections“ во соработка со Village Roadshow Pictures и Venus Castina Productions. Светската дистрибуција ќе се одвива преку Warner Bros. Pictures. Европа стартува со прикажување на 23-ти декември, еден ден претходно почнува прикажувањето во американските кина.
>>> „G“ достоинствен со AMG-V8 во салонот на Mercedes
Го имате посетено нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/ со податоци и цени за сите нови модели на автомобили на македонскиот пазар? На следниот линк можете директно да пристапите до прегледот на сите модели на Mercedes-Benz.
















