Стелантис ќе врати дел од производството на Масерати во Модена

Масерати Гран Туризмо е еден од моделите што се враќаат во Модена.

Модена е родниот град на Масерати, италијанска марка со богата историја што е западната во криза и чијшто план за лансирање нови модели е ставен во мирување уште од минатата година. Во фабриката во Модена во моментов се произведуваат единствено Масерати МЦ20 и МЦ20 Сиело, модели во исклучително ограничена серија.

Мирафори се подготвува кон завршетокот на годинава да ја лансира хибридната изведба од новиот Фиат 500. Тоа е еден од моделите што се мошне важни за иднината на Стелантис. Од него се очекува да ја врати продукцијата во фабриката на некогашното ниво, по бројните прекини поради намалената побарувачка за електричната изведба на новиот Фиат 500.

Одлуката за производството на купето Масерати Гран Туризмо и кабриолетот Гран Кабрио ќе има позитивно влијание врз продукцијата во Модена, соопштува работничкиот синдикат Фим. Тие сепак бараат концернот Стелантис да продолжи да ја зголемува продукцијата и да воведе нови големоволуменски модели во Мирафиори.

Домот на Масерати во Модена се наоѓа на само неколку километри од седиштата на Ферари и Ламборгини. Тоа е регион што е познат како италијанска автомобилска долина.

СУВ-моделот од средната класа, Грекале, се произведува во фабриката Касино, заедно со Алфа Ромео Џулија и Стелвио.

Претходна објаваНисан ќе дозволи кинескиот партнер Донгфенг да ги користи фабриките на јапонскиот производител
Следна објаваСовршената мера на Волво е 90: Едниот е хибриден, другиот електричен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here