за

Забава со печат за квалитет од Mercedes и Мак Аутостар

мак аутостар забава камиони

Кога вистинскиот познавач на случувањата на автомобилската сцена ќе го прашаат кое возило да го избере, ќе го познаете дека умее вистински добро да процени по објаснувањето: Купувај таму кадешто ќе ти остават најдобар впечаток. Раководејќи се според оваа мудрост, тоа што Мак Аутостар синоќа им го прикажа на своите клиенти од водечките претпријатија во транспортот во земјава, беше токму добар впечаток.

Како претставник од медиумите, редакцијата на Аутомедиа стекнуваше добар впечаток преку традиционално неодоливите специјалитети, при музичката придружба којашто направи неколкуте часови да се чинат како минути, и секако, во гостопримливоста на луѓето од тимот на Мак Аутостар, на коишто насмевката очигледно не им е темпирана да трае до завршетокот на забавата.

Финансиска понуда од Мак Аутостар за шпедитерите во земјава: Actros со учество од 10.000 евра или каматна стапка од 2,99 проценти

Кога луѓево умеат да го организираат ова, веројатно имаат и соодветна понуда за своите клиенти. Директорот на Mercedes-Benz товарни возила, Михаило Зографски, тоа го сублимира во изјавата пред гостите: „Довербата лежи во срцето на силна врска која години наназад ја воспоставуваме со нашите пријатели, соработници, клиенти и стануваме нивни вистински партнери.“

Со цел да се зајакне оваа долгогодишна врска и да продолжи проширувањето на семејството возила на Mercedes-Benz, Мак Аутостар излезе со нова лизинг-понуда за набавка на камион-влекач од моделот Actros, за што на располагање се две опции: Учество од 10.000 евра или ниска каматна стапка од 2,99 проценти.

Гостите во дворот, прв ги пречека Citaro, автобусот со погон на метан, којшто според нашите скромни процени би дал добар придонес за унапредување на јавниот превоз во Скопје, особено во поглед на заштитата на животната средина и во намалувањето на оперативните трошоци.

[FAG id=32133]

Новиот Mercedes E-Class пристигна со прва класа во Мак Аутостар

ЈСП тестира погон на метан како гориво за почисто Скопје

Новиот Mitsubishi Space Star стартува со продажба во Македонија

Mercedes-Benz Bank со еден милион возила под договор

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Niro EV

Kia ja претстави електричнaта изведба на кросоверот Niro

фото: АутоБилд

Tesla Model 3 на тест на германскиот магазин Ауто Билд