Kia ja претстави електричнaта изведба на кросоверот Niro

Kia Niro EV

Kia ја претстави новата електрична изведба од Niro na 5-от Интернационален салон на електрични автомобили во Џеџу, Кореја. Кросоверот со погон на струја ќе ја доживее својата светска премиера на салонот во Париз, во септември. Kia Niro EV е развиен како спортски и практичен автомобил, кој комбинира добри возни својства, впечатлив дизајн и функционалност.

Дизајнот е заедничка работа на центрите во Калифорнија и Намјанг. Kia во почетокот од годинава го претстави Niro EV како концептен автомобил на салонот за потрошувачка електроника во Лас Вегас. Во споредба во моделските изведби со конвенционални мотори, електричниот Niro има различна маска, карактеристични отвори за воздух и диодни дневни светла во форма на стрела.

Kia Niro EV ќе се нуди во изведби со различна големина на батеријата – и различна цена

Енергијата пристига од литиум-јонска батерија со капацитет од 64 kWh, со којашто Kia Niro EV може да постигне досег до 380 километри. Во поевтината изведба со батерија од 39,2 kWh, досегот се скусува на 240 километри.

Продажбата на Kia Niro EV на корејскиот пазар започнува во втората половина од годинава, а потоа ќе следи негово воведување на сите поголеми пазари за електричниот погон во светот.

Во Обединети Нации ќе се вози Kia

Новиот Kia Rio се покажа како најсилен карактер во класата

Јужна Кореја е светски шампион во субвенционирање на електричните автомобили

Групацијата на Peugeot доаѓа со електричен модел на салонот во Париз

 

Претходна објаваBrabham BT62 е новиот болид за приватни забави по тркачките патеки
Следна објаваЗабава со печат за квалитет од Mercedes и Мак Аутостар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here