за

Рекордер во досег: Lucid Air минува 840 километри со полна батерија

Lucid Air Dream Edition R е признаен како електричен автомобил со најдолг досег што е тестиран од американската EPA.

Групацијата Lucid поставува нови мерила со своите луксузни автомобили со електрични автомобили. Lucid Air Dream Edition Range доби потврда од американската агенција за заштита на животната средина, како возило со досег до 520 милји, односно околу 837 километри со полна батерија.

Со луксузните електрични автомобили на Lucid се минува над 150 километри подолг пат во споредба со првиот конкурент, односно со Tesla Model S. Крстосувачот Lucid Air се нуди во две специјални изведби со ознака Dream Edition. Верзијата што располага со екстра досег, Dream Edition Range, минува до 520 милји (ca. 837 km) со полна батерија, а воедно располага со импозантна моќност од 933 КС.

Втората верзија става повеќе нагласок на перформансите, па оттаму и нејзиното полно име гласи Lucid Air Dream Edition Performance. Нејзината моќност: 1.111 КС. Двете верзии се надградени врз стандардната изведба Grand Touring, со 800 КС. Агенцијата за заштита на животната средина EPA, го провери и нивниот досег.

Овој рекорд е постигнат со сопствената напредна технологија за електрични автомобили, којашто е водечка во светот, тој не е постигнат едноставно со вградување огромна батерија. Нашата батерија од 900V што е докажана на трки и технологијата BMS, нашите минијатуризирани погонски единици, заедно со нашата технологија Wunderbox, го облагородуваат Lucid Air со ултра висока ефикасност, што дозволува да се мине подолг пат со помалку енергија од батеријата. Следната генерација електрични автомобили пристигна навистина!

Питер Ролинсон, извршен директор на Lucid Group

Директорот на Lucid, Питер Ролинсон, неодамна возеше паралелно со новинар на Motor Trend, во реални услови, на рута од Лос Анџелес до Сан Франциско, до седиштето на компанијата на брегот на Сан Франциско. Тоа беше своевидна најава за потврдата што ја дадоа од EPA.

Првите шест места на листата на електрични возила со најдолг досег според EPA им припаѓаат на модели на Lucid. Испораките на луксузните електрични возила ќе стартуваат до крајот на годинава.

Вредностите на EPA се постигнуваат во реални услови на возење и поради тоа претставуваат веродостоен податок според којшто купувачите можат да се раководат при изборот на автомобил.

>>> Тест на Seres 3 · СУВ од Кина, електричен и премиум

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Австрија отвора нова фабрика за чипови, кризата ги поместува плановите

Yaris Cross: По малку од Yaris, малку од RAV4, многу од Toyota