Австрија отвора нова фабрика за чипови, кризата ги поместува плановите

Новата фабрика на Infineon во Австрија се отвора со цел да се надмине недостигот од чипови, којшто меѓу другото остава последици и врз производството на автомобили. Забрзаната изградба заврши три месеци пред планот.

Во екот на светската криза од чипови, концернот за производство на полупроводници Infineon отвора нова фабрика во Вилах, Австрија. Фабриката вредна 1,6 милијарда евра официјално ќе започне со производство попладнево. Во фабриката се произведува пробно уште од август.

Новите погони се завршени три месеци порано од планираното. Infineon наложи забрзана изградба уште во почетокот на годината, како реакција на недостигот од чипови во светски рамки, односно на нагло зголемената побарувачка и создаденото тесно грло во снабдувањето на пазарот.

Во високо автоматизираната фабрика ќе работат 400 лица. На отворањето се очекува да присуствуваат австрискиот сојузен канцелар Себастијан Курц и ЕУ-комесарот Тиери Бретон.

Стриминг од настанот во 13.30 часот може да се следи на линкот:

https://missionfuture-opening.business-stream.eu/en.html

>>> Фабрики најавуваат двојно повеќе чипови за авто-производителите

Претходна објаваНовиот Peugeot 308 стартува во Франција од 24.800 евра
Следна објаваРекордер во досег: Lucid Air минува 840 километри со полна батерија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here