за

Салонот на Lexus на бриселскиот аеродром повторно најдобар во Европа

Трета година по ред, The Loft, салонот на Lexus на аеродромот во Брисел, прогласен е за водечки аеродромски салон во Европа за 2021 година.

Професионалците во браншата, но и гостите на салонот што Lexus го работи заедно со Brussels Airlines на бриселскиот аеродром, третпат во низа го избираат The Loft за најдобар салон на аеродром во Европа.

Од отворањето во 2018 година, аеродромскиот салон The Loft во Брисел плени со единствениот концепт што е сосредострочен гостите да се чувствуваат удобно, во опкружување на технологија и впечатлив дизајн. Концептот се заснова врз „Belgitude“ и традиционална јапонска гостопримливост. Постојано пристигаат одликувања за истиот.

Во вонредните услови на пандемијата, The Loft имаше осуммесечна пауза, па повторно беше отворен во јуни. Секако дека се почитуваат највисоки безбедносни стандарди за здравјето, без знаците што укажуваат на вонредната ситуација да бидат пренападни. На располагање стојат традиционалните вжештени крпи „ошибори“ и дигитален дневен печат. Секако дека не недостигаат и прочуените чоколади на „Neuhaus maître chocolatier“.

Салонот The Loft на бриселскиот аеродром го применува концептот на „INTERSECT BY LEXUS“. Тоа се посебни простори во којишто Lexus се вдомува во Токио, Дубаи и во Њујорк. Во самиот салон се следат принципите на гостопримливост што во јапонската традиција се познати како „омотенаши“ и истите се дел и од возилата на Lexus.

Со површина од преку 2.000 метри квадратни, The Loft може да смести до 500 гости. Просторот е поделен на повеќе подрачја, вклучувајќи средишен бар, места за седење и за работа. Од знаменосецот Lexus LS потекнува технологијата за фотелјите што нудат шиацу-масаша, озвучувањето е од специјалистот Mark Levinson, тушевите се Grohe, бројни детали во просторот црпат инспирација од дизајнот на Lexus.

Основани во 1993 година, World Travel Awards доделуваат награди за достигнувања во патувањето, туризмот и сместувањето. Станува збор за најценети награди во браншата, со важност во светски рамки. Во минатата година пристигнале вкупно 2.033.494 гласови.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Chevrolet продава моториште: V8 од 10,3 литри, 1.004 КС, нема турбо

Bugatti Chiron за 350.000 долари, малку изгорен