за

Chevrolet продава моториште: V8 од 10,3 литри, 1.004 КС, нема турбо

Во ерата на нечујните и чисти електромотори, Chevrolet Performance ја враќа магијата на моторите и го произведе најголемиот и најголем мотор во својата историја.

Chevrolet Performance има голема вест за светот, буквално голема. Моторот со ознака ZZ632/1000 е најголемиот и најмоќен мотор за специјална примена во историјата на марката. Традиционалниот атмосферски V8 постигнува 1.004 КС и 1.188 њутнметри – и не смее да се вградува во возило за јавен сообраќај.

Одделението за мотори за специјална примена и за трки го произведе најголемиот и „најлош“ мотор во својата историја. Осумцилиндарецот со ознака ZZ632 го постигнува максимумот на 6.600 вртежи, а инженерите препорачуваат да не се оди над 7.000 вртежи.

Впрскувањето гориво е индиректно, со посебен инјектор за секој цилиндар, со алуминиумска глава изработена на CNC-фреза, со широки канали. За разлика од традиционалните „Big Blocks“ што обично имаат различна должина и форма на вшмукувачките канали од цилиндар до цилиндар, тука сите вшмукувачки канали имаат иста должина, иста геометрија и ист пречник. Истото важи и за издувните канали на ZZ632. Симетричноста гарантира дека секој цилиндар ќе произведува приближно иста моќност.

Двете глави со симетрични канали носат ознака RS-X, по инженерот за мотори Рон Спери, кој ги конструираше истите како негово завршно дело во повеќе од 50-годишната кариера во изработката на спортски и тркачки мотори за General Motors. Спери исто така ги проектираше симетричните канали за иконскиот Small Block V-8 на Chevrolet од третата генерација на LS1, што дебитираше во Chevrolet Corvette во 1997 година.

Блокот од сив лив потекнува од генерацијата специјални мотори ZZ572 на Chevrolet Performance, со незначително зголемен пречник на цилиндрите, но затоа со óд на клиповите што е зголемен за 0,375 инч, односно за околу 9,5 милиметри. При тестирањето, моторот издржа 200 симулации на старт на драг-трка.

Специјалниот мотор ZZ632/1000 ќе биде една од ѕвездите на SEMA Show што традиционално се одржува во Лас Вегас, годинава во периодот меѓу 2-ри и 5-ти ноември.

Технички податоци

Chevrolet Performance ZZ632/1000
Displacement 632 cu in (10,348 cc)
Bore x Stroke 4.60 x 4.75 in
Compression Ratio 12.0:1
Power 1,004 hp @ 6600 rpm
Torque 876 lb-ft @ 5600 rpm
Maximum Recommended Engine Speed 7,000 rpm
Block Tall Deck 632 Bowtie Sportsman, cast iron, four-bolt main caps
Cylinder Heads RS-X Symmetrical Port, CNC-machined aluminum
Crankshaft Forged steel
Connecting Rods Forged steel
Pistons Forged aluminum
Fuel Electronic port injection

>>> Chevrolet Corvette стартува со испорака во Европа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW i4: Започна производството на електричната „тројка“

Салонот на Lexus на бриселскиот аеродром повторно најдобар во Европа