за

BMW i4: Започна производството на електричната „тројка“

Во фабриката во Минхен денес е произведен првиот примерок од електричниот BMW i4 од редовно сериско производство.

Големи најави, но и големи остварувања од BMW. Баварците најавуваат дека уште во 2023 година половина од возилата што ќе се произведат во Минхен ќе имаат електромотор во погонот. Секое подрачје во фабриката е подредено на животната средина.

Првиот BMW i4 од сериско производство денес излезе од фабриката на BMW во Минхен. Во матичната фабрика на баварската марка, модели со сите погонски варијанти отсега се произведуваат на една иста монтажна лента. За директорот на продажба, Милан Недељковиќ, стартот на BMW i4 е пресвртница за оваа фабрика и за нејзиниот персонал во насока на е-мобилноста“. Во 2023 година, повеќе од половината возила од фабриката во Минхен ќе поседуваат електромотор во погонот. Најголемиот дел од тие возила ќе бидат со чисто електричен погон, останатите ќе бидат приклучни хибриди.

Посебен предизвик беше фабриката стара речиси 100 години да се приспособи за производство на елеткрични автомобили. Без да се вршат преправки во самите објекти, на најтесен простор беа отстранети старите постројки и заменети со постројки за производство на автомобили со погон на струја. Тоа важи и за изработката на каросеријата на i4, коајшто поради батеријата се разликува од стандардните возила, но Баварците пак успеаја и тоа да го интегрираат во производството на постоечките модели.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Вградувањето на високоволтната батерија се врши целосно автоматски, со роботи што ја прицврстуваат истата на каросеријата од долу. Камери со висока резолуција го следат целиот процес и препознаваат и најмала нечистотија.

Во Минхен се произведуваат BMW i4, лимузинската и Touring-изведбата на серијата 3, исто и нивните верзии со хибриден погон, но и BMW M3 и BMW Gran Coupe од серијата 4

Моментно во фабриката е во тек и целосно скенирање во 3D. До крајот на 2022 година, сите поголеми фабрики за автомобили во групацијата BMW ќе бидат расположливи во комплетно дигитална форма.

Погонот за монтажа на оските на BMW i4 веќе е проектиран виртуелно. За таа цел се користи платформата Omniverse Nucleus од NVIDIA, којоашто изработува фотореалистични симулации во реално време. Податоците од тековното 3D-скенирање секако дека влегуваат во платформата Omniverse.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Деловите во фабриката се следат преку RFID, што е идентификација преку радио бранови, без потреба од допирање на деловите и целосно е автоматска. На тој начин, меѓу другото се гарантира и дека секогаш се вградува точно делот што е предвиден. За таа цел постојат антени покрај монтажната лента.

Посебно поглавје е одржливоста и грижата за животната средина, што во BMW се почитуваат на врвно ниво. Пример за тоа е системот што преку осмоза помага да се постигне значително намалување на потрошувачката на питка вода. Отпадните води од катодното лакирање со потопување се пречистуваат на тој начин и се користат повторно. Годишната потрошувачка на питка вода е смалена за повеќе од шест милиони литри.

Доставата на компоненти во фабриката во видно време целосно ќе се врши со електрични камиони. Секој ден се потребни повеќе од 750 достави на компоненти во фабриката во Минхен.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Батерии од BMW i3 даваат струја за светската турнеја на Колдплеј

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

opel mokka тест на потрошувачка аутомедиа

Тест на Аутомедиа: Колку корист од брзото возење?

Chevrolet продава моториште: V8 од 10,3 литри, 1.004 КС, нема турбо