за

Дамите најмногу сакаат да се луксузираат во кабриолет Lexus

Lexus LC 500 Cabriolet е избран за најдобар луксузен модел во рамките на „Дамски автомобил за 2021 година во светот“.

Првиот кабриолет на Lexus со платнен покрив се пласираше меѓу победничките автомобили во вкупно девет категории, во коишто дамите ги оценуваат безбедноста, комфорот и технологијата.

Во изборот за најдобри автомобили во светот според оцените на дамите влегуваат сите модели што стартувале со продажба меѓу јануари и декември лани. Една од најпрестижните титули во изборот му припадна на Lexus LC Cabrio, кого што дамите го оценија како најдобар модел во категоријата на луксузните автомобили. Скапоцениот кабриолет понатаму продолжува во трка за титулата на најдобар автомобил од сите девет категории. Исходот ќе биде познат на 8-ми март, на Меѓународниот ден на жената.

Најдобрите автомобилистки во светот по единаесетти пат ги избираа најдобрите модели. Во изборот учествува жири од 50 автомобилски новинарки од 38 држави на пет континенти. Тоа е единственото жири во светот, коешто е составено само од дами.

„Lexus LC 500 Cabriolet е автомобил за списокот на желби“

Марта Гарсија од Шпанија, членка на жирито и извршна претседателка на изборот, изјави: „Lexus LC 500 Cabriolet е исклучителна лудост од соништата, автомобил за списокот на желби. Тој ја поседува страственоста на класичен спортски автомобил, на којшто не му се потребни трикови или турбо, за човек да се вљуби во него“.

Израелката Анат Даниел цени дека спојот од луксуз со „јапонска спортска нота“ и „врвен мотор“, прави LC да биде „единствен и незаборавем автомобил“. Во истиот тон продолжува Шарлин Кларк од Јужна Африка, којашто оценува дека автомобилот е „брилијантен за возење“.

Lexus LC Cabriolet
Lexus LC Cabriolet

Кабриолетот LC прикажува како Lexus прерасна во луксузна марка за посебен животен стил. Изработен врз основа на купето LC, кабриолетот нуди уживање во возењето, препознатлив изглед и исклучителен квалитет на изработка.

На сериската верзија ѝ претходеше концептниот автомобил од салонот во Детроит во 2019 година. Главниот дизајнер Тадао Мори и неговиот тим вешто го пренесоа наградуваниот дизајн на купето во кабриолет со класичен платнен покрив, со многу стил и со авторитетна појава.

Перформансите го заокружуваат целиот пакет. Петлитарскиот атмосферски V8 во комбинација со десетстепен автоматик го забрзува кабриолетот за пет секунди до темпо сто и продолжува до граничникот на 270 km/h. Вешти зафати во аеродинамичноста ги спречуваат непријатните турбуленции, за возењето со спуштен покрив да биде пријатно и при повисока брзина.

>>> Lexus LFA одбележува десетгодишнина: Со годишна влезница за Нирбургринг

Lexus LFA Nuerburgring

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Каква оцена има АУТО БИЛД за новиот Citroen e-C4?

Толку лесно ли се палат електричните автомобили?