Lexus подготвува наследник на легендарниот LFA, погонот електричен

Lexus објави нови фотографии и анимации од престижното спортско купе со електричен погон што ќе стартува со производство до 2030 година. Премиерата на моделот се одржа на 14-ти декември лани, кога Акио Тојода, претседател на корпорацијата Toyota, спектакуларно прикажа пред светот повеќе од дузина електрични модели, што не постојат само во компјутерите, туку веќе имаат конкретна форма.

Новото спортско купе од врвна класа ќе биде дел од комплетната серија модели со електричен погон што Lexus ќе ги лансира до 2030 година, под визијата Lexus Electrified. Преку оваа стратешка програма, компанијата цели да докаже дека целосното искористување на можностите на електричниот погон ќе направи возењето да биде уште поголемо уживање.

Во престижното гран-туризмо купе од рангот на Aston Martin, Bentley & Co ќе бидат применети и начелата на Lexus Driving Signature. Тоа е примена на искуствата што инженерите на луксузната марка на Toyota ги имаат стекнато низ годините, коишто овозможуваат да се конструира автомобил што реагира верно на командите на возачот, со директно чувство при забрзување, сопирање, управување и возење низ свијоци.

Пропорциите на каросеријата силно го нагласуваат моќниот карактер на возилото, додека малата висина сведочи за спортски автомобил со високи перформанси. Несомнено е дека станува збор за наследник на LFA. Забрзувањето ќе биде под 2,5 секунди, а досегот со полна батерија ќе надминува 700 километри. За тоа да се постигне, Toyota најавува примена на батерија со цврст електролит, што е следна голема фаза во развојот на батериската техника.

https://www.youtube.com/watch?v=gO2HpjjVNI8

>>> Lexus во мисија на спасување на светот во „Moonfall“

Претходна објаваЏорџ Сорос вложи 2 милијарди $ во американскиот Rivian
Следна објаваПол Макартни во ‘93 барал да биде пречекан во Аргентина со Citroen CX

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here