Пол Макартни во ‘93 барал да биде пречекан во Аргентина со Citroen CX

Постои ли модел на Citroen од славното минато на француската марка, што сцената го има заборавено или воопшто не знае дека тој постоел? Секако дека таков модел не постои, светот ги сака овие автомобили. Citroen CX, Пол Макартни и далечната Аргентина.

Најмалку е изненадување тоа што и во Аргентина постои музеј за марката Citroen, со бројни историски модели и со посебен огранок што е задолжен за минатото, а со тоа и за иднината на француската марка, именуван Herencia Citroen. Во музејската постава спаѓа и Citroen CX, еден од најлуксузните модели на марката, со којшто се поврзува поглавје со славниот битлс.

Citroen CX е модел од виша класа и колку што е славен поради самиот себе, толку е славен и поради својата претходничка DS, Божицата на француската марка. Бројни моменти на автомобилската сцена во 1980-те и 1990-те години се поврзуваат со овој модел што е оригинален во многу повеќе нешта, отколку само во формата на каросеријата.

Citroen CX веродостојно го замени легендарниот претходник DS

Французите го произведуваа CX меѓу 1974 и 1991 година. Првите примероци во Аргентина пристигнале во 1979 година. Премиерата на моделот секако дека се одржа на салонот во Париз, во 1974 година. Неговиот заменик пристигна во тешки времиња за големите автомобили што не потекнуваа од марка што целосно се потпира врз премиум понуда на модели.

https://photos.app.goo.gl/x2tHJPrmjjNoAAEw7

Сега и тоа кусо, но важно поглавје. Кога Пол Макартни ја посетил Аргентина на 10-ти декември 1993 година, тој побарал да биде пречекан на аеродромот со Citroen CX. Битлсот имал желба за време на престојот да се вози со крстосувачот, заедно со својата сопруга и трите дечиња. CX во тоа време служеше како претседателски автомобил во Франција.

Хидропневматиката е душа и на овој автомобил на Citroen

Една од највпечатливите бројки е коефициентот на отпор на воздух 0,35. Тоа е прв модел на Citroen во вишата класа со попречно вграден мотор. CX многумина го помнат и по турбодизелите, коишто во тоа време му обезбедија наслов на најбрз автомобил со дизел мотор во светот. Посебност e системот за управување Diravi (Direction à rappel asservi – управување со контролирана повратна сила), секако во стилот на марката, напојуван со работен притисок од истата хидраулична пумпа со хидропнмевматската суспензија.

https://photos.app.goo.gl/Es61bqSZe4cjAMPJ9

Citroën CX стана Европски Автомобил на 1975 година. Тоа беше една од низата титули низ светот. Автомобилот со клинеста форма се издвојуваше најмногу со единечниот бришач за целиот ветробран, со погонот напред и со хидропневматската суспензија, со тркалата од лесен мета, со покривот од винил, со многу нешта.

https://photos.app.goo.gl/Qnk8D7EPLdVoRKFp7

Дизајнер е Роберт Орпон, автор и на GS. Важен момент е конкавно заобленото задно стакло, што прави фантастичен контраст со линијата на каросеријата, како и поклопецот на багажникот што се отвора исто како кај лимузина. Внатрешноста е посебна приказна. Мишел Арман тогаш предизвика сензација со прочуените сателити на Citroen, поставени покрај воланот. Идејата беше сите команди да бидат достапни директно, без потреба дланките да се поместуваат од воланот.

Во 18-те години беа произведени повеќе од еден милион примероци.

https://photos.app.goo.gl/36eca8Tt17munWRb8

https://photos.app.goo.gl/f7cmqP1yQnNfEHqw9

https://photos.app.goo.gl/GG5pNXVTQXZtyfrb7

>>> Видео од музејот на Citroen во Буенос Аирес

Специјалист за олдтајмери во Германија нуди Citroen CX во совршена состојба по цена од 50.000 евра

https://home.romoto.de/Automobile-Giannattasio/Rodgau/de/12252/Fahrzeuge/Citroen-CX-Prestige-Flachdach-1-Hand-Original-22500km-146077633.html

>>> Citroen C3 Aircross ја има вградено авантурата: По стариот пат од Велес за Прилеп

Претходна објаваLexus подготвува наследник на легендарниот LFA, погонот електричен
Следна објаваПред да се појави Yaris Cross, Toyota ги имаше Urban Cruiser и Yaris Verso

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here