Американската стартап-компанија Rivian моментно е во преговори за партнерство во фабриката на Nedcar во Борн, Холандија.
Со инвестицијата во висина од две милијарди долари, Сорос станува еден од највлијателните акционери во американската компанија. Меѓу нив се вбројува и Amazon на Џеф Безос, со удел од 20 проценти во акциите. Rivian во следните години ќе испорача вкупно 100.000 електрични доставни возила во возниот парк на Amazon. Сепак ќе треба да мине подолго време додека се произведе целиот договорен контингент, затоа што лани беа произведени одвај 1.200 примероци.
Rivian се соочува со проблеми со недостигот од чипови и компоненти, како и целата бранша. Тоа сепак не беше пречка за американската компанија кон крајот на годината да обезбеди инвестиција вредна неколку милијарди долари по пат на првично јавно наддавање. Бизнис бројките на Rivian уште се црвени, сепак станува збор за стартап-компанија, на којашто ќе ѝ бидат потребни уште неколку години додека постигне деловна стабилност.
Моментно се одржуваат преговори со Nedcar за производство на автомобили во фабриката во Лимбург. За соработката да се оствари, потребно е проширување на капацитетот. Тоа, пак, поврзано е со сеча на околната шума. Пред неколку недели, активистите се побунија и се врзаа со синџири за стеблата. Во меѓувреме се надминати недоразбирањата и активистите се повлекоа, но сега има нов проблем. Во едно од стеблата било откриено гнездо на планински ут, на кафен ут, заштитен вид птици. Околните дрвја во радиус од 75 метри не смее да се сечат. Не се знае дали тоа ќе биде пречка за планираното проширување на фабриката.
Billionaire Soros buys stake in EV startup Rivian https://t.co/WlNn4abdNO pic.twitter.com/mfKwoFSxas
— Reuters (@Reuters) February 13, 2022