за

Lexus во мисија на спасување на светот во „Moonfall“

Хале Бери, Патрик Вилсон, Џон Бредли и Макјл Пења се актерска посава што гарантира добар филм. Во „Moonfall“ има глетки и за љубителите на автомобилите и на Lexus.

Новата генерација на Lexus NX се појавува заедно со Хале Бери, Патрик Вилсон, Џон Бредли и Мајкл Пења во новиот научно-фантастичен филм на режисерот Роланд Емерих.

Луксузната марка на Toyota ни порачува да ги заврземе ремените и да се впуштиме во возењето на животот. Lexus се појавува во уште една возбудлива улога, како официјален автомобилски партнер на Moonfall, нов научно-фантастичен филм со елементи на фикција и на катастрофа, од светски познатиот режисер Роланд Емерих. Прикажувањето на филмот во кино салите ќе започне во февруари.

Дејствието на Moonfall почнува со мистериозна сила, што ја изместува Месечината од својата орбита околу Земјата и ја води кон неизбежен судир, што ќе предизвика уништување од планетарни размери. Новиот Lexus NX се појавува во клучна улога, во херојските обиди за Месечината да се врати во својата орбита и да се спаси светот.

Маркетиншката кампања Lexus x Moonfall се состои од 30-секундна реклама со слоган „Enjoy the Ride“, во којашто Lexus NX се појавува во возбудливите сцени од филмот.

Новата генерација на Lexus NX се очекува да стартува со продажба во Македонија во текот на годинава, станува збор за најпродаваната моделска серија на луксузната марка на Toyota на нашиот пазар.

>>> Дона Самер пее за новиот Lexus NX: „I Feel Love“

LEXUS NX

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Daimler лани продал 455.000 камиони и автобуси

Kia EV6 e автомобил на 2022 година според What Car