за

Дона Самер пее за новиот Lexus NX: „I Feel Love“

Легендарниот хит на Дона Самер е музичка подлога во рекламниот спот за новиот Lexus NX. Во хитот од ‘70-те се користеше револуционерна технологија.

Lexus го означува почетокот на продажбата на новиот NX со кампања што ја вклучува „I Feel Love“ на Дона Самер, песната на цела една генерација.

За новата генерација на Lexus NX, луксузната марка на Toyota се раководеше според концептот „Vitality х Tech“. За на светот да му порачаат дека технологијата и емоциите не се поништуваат едно со друго, маркетинг-генијалците на Lexus во кампањата за новиот модел ја вклучија „I Feel Love“ на Дона Самер. Секако дека во оваа автомобилска куќа има посебна приказна и за изборот токму на тој хит што нема да згасне.

Тоа што направи „I Feel Love“ да поттикне посебни емоции, покрај музичката божица Дона Самер, беше користењето на мог-синтисајзер, тогаш последна технологија. Експертите ја вбројуваат оваа песна меѓу највлијателните на сите времиња и ја ценат како втемелувач на електронската денс-музика.

Тимот на Lexus сега додаде уште малку технологија во песната. Нил Џонсон го направи ремиксот, додека видеото е дело на режисерот Роб Чиу. Спојот на музиката и видеото треба да поттикне силно емотивно искуство и да предизвика ASMR-реакција. Кратенката доаѓа од Autonomous sensory meridian response, автономно сензорна меридионална реакција – кусо, тоа е пријатното чувство што обично почнува од темето и се провлекува по должината на ‘рбетниот столб. Бројни канали на јутјуб постигнуваат милионска гледаност токму преку ASMR.

Видеото има за цел да ја прикаже поврзаноста на возачот со новиот Lexus NX. Преку сцените и музичките ефекти, кај гледачите треба да се поттикне чувство како тие да се движат низ воздухот и низ водата, како да учествуваат во ритамот на коњскиот кас, за потоа да седнат зад воланот и да го почуствуваат патот.

Користена е технологија Dolby Atmos, со којашто се постигнува секој инструмент, звук и глас да биде сместен точно на своето место. На тој начин се добива врвна длабочина и чистота на звукот. При слушањето се добива впечаток дека се седи точно во средината на музичкото искуство.

Lexus во видеото за новиот NX додава бинаурален звук што може да потгикне различни емоции

На тоа е додадена бинаурална техника, којашто побудува звук што мозокот сам го создава. Преку слушање на два различни тона со две различни фреквенции во левото и во десното уво, мозокот може да произведе доживување на дополнителен звук. Тој трет звук се нарекува бинаурален бит, којшто е совршена фреквенција меѓу двата изворни звуци.

Преку бинауралните битови може да се поттикнат различни емоции. Експертите разликуваат звуци што водат кон зголемување на будноста и концентрацијата (гама), расположение и орност за работа (бета), релаксација и спокој (алфа) и сонливост (телта и делта).

Lexus NX го очекуваат да пристигне во Тојота Авто Центар. Најпродаваната моделска сериај на Lexus на македонскиот пазар во новата генерација првпат ќе вози и во изведба со приклучен хибриден погон – тоа ќе го прошири кругот на купувачи на премиум марката, меѓу другото и поради фактот што државата за тој вид на погон наплаќа половина од редовната висина на данокот за возило.

>>> Lexus отвора врата само ако е безбедно

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot 308 за лавовски почеток на годината

Mercedes EQXX за 100 km троши колку домашна клима за 3 часа