Џеј Лено постави рекорд со Tesla Model S

Ѕвездата на ноќните телевизиски шоуа и голем љубител на автомобилизмот, Џеј Лено, заслужи да биде впишан како рекордер, со најбрзо извозена четвртина милја, со Tesla Model S Plaid.

Рекордерското возење се одвиваше на патеката за драг Помона во Калифорнија. Лено целиот потфат го снимаше за да биде прикажано како премиера на неговата „Jay Leno’s Garage“. Рекордот за најбрзо извозена четвртина милја изнесува 9,247 секунди, со крајна брзина од 152,09 mph, односно 249,6 километри на час.

На поставувањето на рекордот присустувале и претставници од американската хот-род асоцијација, заради официјалност на авантурата. На мрежите веднаш проструи снимката на којашто главниот инженер на Tesla, Франц фон Холцхаузен, се радува за рекордот.

Лено коментираше во стил својствен за него, за каналот CNBC: „Ова е најбрзиот сериски автомобил што може да се купи. Тој е побрз од кој било Ferrari, побрз од кој било Bugatti од 3,5 милиони долари“. Шоуменот бил посебно одушевен од тишината во автомобилот. Доказ за тоа се птиците што останале во крошните на околните дрвја, кои Лено ги забележал на враќање – при рекорди со класичен погон, птиците одлетуваат уште долго пред автомобилот да пројури покрај нив.

Претходна објаваMercedes-AMG GT прави уште поголем скок меѓу спорт и комфор
Следна објаваТојота Авто Центар релаксира со 10-годишна гаранција

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here