за

Во Русија камиони им носат струја на електричните автомобили

Руската компанија L-Charge работи со мобилни полначи за електрични автомобили. Идејата не е само во полнењето, туку и во производството на струја.

Постојат различни пристапи за тоа како да се изведе мрежата од полначи за електрични автомобили во градските јадра. Без разлика дали станува збор за полначи поставени на паркиралишта, во гаражи, на улица, електричните автомобили мора да дојдат на местото. Во L-Charge стапува на сцена кога обичната мрежа е недоволна.

Компанија испраќа мобилни полначи за електрични автомобили доаѓаат на самото место секогаш кога има потреба за тоа, односно кога батеријата на автомобилот е речиси празна и нема полнач во близина. Тоа важи и за масовни собири и настани, кога одеднаш има потреба да се обезбеди инфрастуктура за електричните автомобили.

Рускиот L-Charge ги претвора своите камиони и доставни возила во мали електрани, што можат директно да испорачуваат енергија за батеријата на електричните автомобили. Тоа се мобилни полначи, што можат да се „постават“ на кое било место. Откако камионите ќе ја исполнат задачата, едноставно си заминуваат од местото.

Преку мобилна апликација се дознава каде има мобилен полнач на L-Charge во близина. Постои и можност камион да се повика на домашната адреса, во претходно договорено време или да се почека неколку часови додека пристигне возило. Услугите на Русите се корисни главно за операторите со јавни возни паркови (carsharing), кои нарачуваат возило-полнач на L-Charge кога на некое од изнајмените возила ќе се испразни батеријата и нема полнач во близина.

Овие подвижни полначи можат да испорачаат до 1.440 киловатчасови електрична енергија. Таа количина е доволна за 48 автомобили дневно. Најголемата сензација е во тоа што електричната енергија за масивната „батерија“ на камионот се произведува на самиот камион. За тоа се користи генератор со течен природен гас (LNG, втечнет метан на -162 степени Целзсиусови) или уште подобро, генератор со водород.

Брзината на полнење зависи од техниката на самиот автомобил. Камионите на L-Charge можат да испорачаат моќност меѓу 150 и 1.000 киловати. Тоа значи дека енергија за 400 километри пат може да се наполни за само десетина минути.

Компанијата е мошне активна во Москва, кадешто моментно се регистрирани околу 1.000 електрични автомобили. Пет до шест возила полнат секој ден од камионите на L-Charge. Русите следно планираат да ги понудат своите услуги ширум Европа. Есеноска беше одржана презентација во Барцелона. Од следната година, компанијата стартува во Лондон, во почетокот со класична станица за полнење.

Во меѓувреме се работи и на стационарни полначи, што ќе се поставуваат пред хотели, супермаркети или на станици за точење гориво, но и на улица. Тие станици ќе располагаат со капацитет од 7.200 kWh, доволно за 288 електрични автомобили дневно. Поставувањето трае еден ден.

Во L-Charge неодамна пристигна инвестиција од 1,5 милион долари. Планот е годишно да се изработуваат по 2.000 мобилни и стационарни полначи.

>>> Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На секои 38 секунди по една Tesla Model Y од Шангај

Клубот ADAC со пример како се остава лента за Брза помош