за

На секои 38 секунди по една Tesla Model Y од Шангај

Снимка од дрон покажува дека од гигафабриката на Tesla во Шангај излегува нов примерок од Model Y на секои 38 секунди.

Вебсајтот на канадските фанови на Tesla објави снимка што сведочи за мошне импресивна продукција на автомобили во фабриката на електро-специјалистот во Шангај.

Според податоците од Здружението на производители на автомобили во Кина, во минатиот месец во гига-фабриката на Tesla во Шангај биле произведени 56.965 автомобили. Доколку фабриката цела година произведува со ноемвриското темпо, произлегува дека годишната продукција во кинеската фабрика би изнесувала 683.000 возила. Тоа е далеку над процените што Tesla ги даде при објавувањето на деловните резултати за третиот квартал, кога се спомнуваше годишна продукција од 450.000 возила.

Снимка од дрон, направена на католички Божик, потврди дека во Шангај навистина се произведува со шампионско темпо. Љубителот на Tesla и дрон-пилот, кој се претставува како Ву Ва, на празничниот ден извршил лет со дрон над погоните во коишто се произведува СУВ-моделот од средна класа Model Y.

За време на 10-минутниот лет, од погоните излегле 16 примероци од Tesla Model Y, што значи дека продукцијата изнесува едно возило на секои 38 секунди. Фабриката располага со капацитет за производство меѓу 733.000 и 830.000 возила годишно. Прикажаната продукција на видеото сепак ја прикажува само продукцијата во тој момент, што не значи дека фабриката произведувала со истото темпо по еден час или по еден ден.

Тоа што снимката го прикажува веродостојно е фактот Tesla мошне брзо ги произведува своите автомобили. Истата продукција се очекува и во фабриката во Берлин.

Сите електрични автомобили што се нудат на македонскиот пазар можете да ги погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Peugeot во кампањата порачува: Планирај мудро, порачај возило сега

Во Русија камиони им носат струја на електричните автомобили