за

Peugeot во кампањата порачува: Планирај мудро, порачај возило сега

Во услови кога се оддолжени роковите на испорака во целата бранша, Еуроимпекс во новата кампања ги повикува клиентите да го порачаат своето ново возило со време.

Во време на пандемија, дефицит на ресурси и забавена продажба, компанијата Еуроимпекс ја прилагодува својата продажна стратегија согласно новите услови на пазарот и настапува со кампања со која ги повикува своите клиенти на паметно планирање, под слоганот „Планирај мудро. Порачај го своето возило сега!“ 

Преку комплетни онлајн-содржини со сите информации поврзани со техниката и опременоста на целата своја понуда од модели, како и со традиционално врвната организација на пазарниот настап, Еуроимпекс им дава прилика дури и на најпребирливите клиенти, да го конфигурираат своето возило. Како што наведуваат од најстарата приватна компанија во автомобилскиот бизнис во Македонија, понудата од модели на Peugeot и тимот се подготвени да излезат во пресрет и на клиентите што имаат уникатен стил, посебни желби и барања од возилото, повикувајќи ги навремено да ја остварат порачката на својот омилен автомобил. 

Гамата на Peugeot нуди многу новитети, а понудата опфаќа патнички и комерцијални возила. Согласно мотото „Power of Choice“, во повеќето моделски серии на Peugeot може да се избере меѓу изведба со мотор со внатрешно согорување, со електричен погон или со приклучен хибриден погон.

Моделите од комерцијалната гама исто така се достапни за нарачка. Посебност на понудата од доставни модели на Peugeot е тоа што секој од нив може да се нарача и во чисто електрична изведба.

За повеќе информации за цени, достапност и начин на порачување, Еуроимпекс ги поканува клиентите да ги посетат салоните во дилерската мрежа на Peugeot и да ја посетат веб страницата www.peugeot.mk

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Загаденоста убиствена, мерките козметички

На секои 38 секунди по една Tesla Model Y од Шангај