за

Клубот ADAC со пример како се остава лента за Брза помош

Многупати сведочиме на примери како возачите не се снаоѓаат или не се посебно загрижени кога треба да се остави простор да мине Брзата помош.

Кога има незгода, секоја минута е важна. Затоа на возилата на итната медицинска помош, на полицијата и на противпожарната служба мора да се реагира брзо и да им се ослободи простор да минат. Само на тој начин се придонесува возилата да пристигнат најбрзо што може до луѓето на местото на незгодата.

Германците се шампиони во организација, а тоа на крајот води и до високиот квалитет на продукцијата што доаѓа оттаму. Организацијата се огледува во сите подрачја на живеењето, па секако и во организирањето на возачките и возачите, кога треба да се остави простор за возило за брза интервенција. Во случај да не се постапи соодветно, нормално дека следи и парична казна.

Клубот ADAC дава универзално применлив пример за начинот на формирање „уличка за возила за итна помош“. Тој простор треба да почне да се создава додека сообраќајот уште се движи бавно. На улица со повеќе ленти, возачите по левата лента треба да се престројат влево, а возачите по средната и по десната лента вдесно. Тоа е јасно, едноставно и делотворно правило.

Во овој простор смеат да возат само полициски и амбулантни возила, противпожарни возила, шлеп-служба. За останатите возила е најстрого забрането да го користат просторот. При несоодветно постапување за формирање лента за возилата за брза помош, следи парична казна во висина од 200 евра, два негативни бодови и еден месец забрана за возење.

Во анкетата што клубот АDAC ја има спроведено меѓу своето членство во 2020 година, дури 84 проценти од анкетираните лица знаеле како да постапат за формирање лента за возило за брза помош. Тоа е напредок во споредба со 2018 година, кога 73 проценти од членовите знаеле да постапат соодветно.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Русија камиони им носат струја на електричните автомобили

Northvolt ја произведе првата европска батерија за електрични автомобили